Украина минатата година запленила руски и белоруски имот во вредност од 1,12 милијарди долари

 

Минатата година Украина запленила имот на Русија и Белорусија во вредност од 1,12 милијарди долари, соопшти Бирото за економска безбедност на Украина.

„Во сите кривични постапки, запленети се имоти проценети на 46,7 милијарди гривни (речиси 1,28 милијарди долари). Огромен дел – 41 милијарда (1,12 милијарди долари) се состојат од имот и предмети на имотни права на Русија и Белорусија. Тие средства и имоти веќе и донесоа на државата 2,2 милијарди гривни (60,2 милиони долари) приход“, се вели во соопштението на Бирото.

Меѓу запленетите средства има станбени и деловни објекти, банкарски сметки, имот, автомобили, финансиски институции, фондови, земјиште, минерали…

Во март 2022 година, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го потпиша законот „За главните принципи на присилно одземање на предмети кои припаѓаат на Русија и нејзините жители во Украина“.

„Во сите кривични постапки, запленети се имоти проценети на 46,7 милијарди гривни (речиси 1,28 милијарди долари). Огромен дел – 41 милијарда (1,1 милијарди долари) се состојат од имот и предмети на имотни права на Русија и на Белорусија. Тие средства и имоти веќе и донесоа на државата 2,2 милијарди гривни (60,2 милиони долари) приход“, се вели во соопштението на Бирото.

Меѓу запленетите средства има станбени и деловни објекти, банкарски сметки, имот, автомобили, финансиски институции, фондови, земјиште, минерали…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во март минатата година го потпиша законот „За главните принципи на присилно одземање предмети што припаѓаат на Русија и нејзините жители во Украина“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

1 Comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *