Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер денеска го погоди Чиле, со епицентар во близина на градот Кокимбо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил на длабочина од 60 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.
Во Германија минатата година драстично се зголеми бројот на баратели на азил кој сега изнесува 217.774, заедно со повеќе од еден милион бегалци од Украина кои не треба да поднесат барање за азил за да добијат заштита. „Во Германија 217.774 лица првпат поднеле барање за азил во 2022 година, што е зголемување за 47 отсто […]
Во Романија е регистриран прв случај на пациент со тројна вирусна инфекција – САРС-КоВ-2, грип и респираторен вирус. Станува збор за 58-годишен маж, хоспитализиран во болницата за инфективни болести во Јаши. Заболениот има пропратни заболувања како хипертензија, дијабетес тип 2, патолошка дебелина, што значи значително намалување на неговиот имунитет, информираат од медицинската установа. Во меѓувреме, […]
Адвокатите на американскиот претседател Џозеф Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи, јави Си-Ен-Ен. Еден од изворите изјави за Си-Ен-Ен дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот. Се уште не е […]
Британскиот синдикат за јавни и комерцијални услуги денеска соопшти дека 100.000 членови на овој синдикат, вработени во 124 владини сектори, на 1 февруари ќе стапат во штрајк поради незадоволство од платите, пензиите и сигурноста на работните места. – Ја предупредивме Владата дека нашата расправа ќе ескалира доколку не нѐ послушаат, а ние си го држиме […]
Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со неговиот ирански колега Ебрахим Раиси, јавија руските агенции, повикувајќи се на прес-службата на Кремљ. Според руското претседателство, двајцата лидери разговарале за актуелни прашања од руско-иранските односи. Акцент беше ставен на натамошната изградба на целиот комплекс на билатерална соработка. -Претседателите зборуваа поконкретно за доследно спроведување на заемно корисни […]
Околу 25.000 вработени во Итната медицинска помош излегоа денеска на улиците на Велика Британија поради ниските плати и недостигот на работна сила во тој сектор. Во штрајкот учествуваат болничари, возачи и луѓе кои одговараат на повиците. Тоа е втор протест на работниците во Брзата помош од средината на декември. Претставниците на синдикатот тврдат дека платите […]
Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел во име на Европската унија ги осуди „шокантните акти на политичко насилство и неприфатливиот напад врз демократијата“ во Бразил и изрази солидарност со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и бразилските институции во одбрана на демократијата. Тој ги поздрави напорите да се истражат одговорните за нападите врз […]
Естонските власти треба да знаат дека нивното барање за ограничување на бројот на дипломати и персонал на Руската амбасада во Талин нема да остане без одговор, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. -За нас не е тајна дека Естонија е една од земјите кои се најмногу непријателски кон Русија. […]
Седумнаесет лица загинаа во рок од два дена во три одвоени инциденти со истекување гас во Алжир, јави денеска телевизијата „Алгхад“. – Ги замолувам сите семејства да бидат внимателни за да се избегнат вакви сериозни несреќи во кои има жртви од сите возрасти, рече алжирскиот министер за внатрешни работи Камел Бељуд. Тој изрази надеж дека […]