Даунинг стрит потврди дека британската Ввлада планира да и обезбеди на Украина тенкови за да и помогне на земјата да се одбрани од руската инвазија, пишува Фајненшл тајмс. Портпаролот на Даунинг стрит изјави дека британскиот премиер Риши Сунак побарал од секретарот за одбрана Бен Валас да работи со партнерите и да обезбеди дополнителна поддршка за […]
Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове. – Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие […]
Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови. Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер. Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека наредил истрага поради падот на системот на Федералната управа за авијација, што предизвика приземјување на повеќе авиони во Америка и додаде дека засега не е позната причината за дефектот. Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт Пит Бутигег и дека треба […]
Шведска направи сè што и вети на Турција и сега очекува турскиот Парламент да го ратификува нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон. Кристерсон рече дека неговата неодамнешна изјава дека Шведска не може да ги исполни барањата на Турција за да го ратификува нејзиниот влез во НАТО била погрешно протолкувана. Тој рече […]
Канцеларијата на главниот обвинител на Перу соопшти дека покренала истрага против новата претседателка Дина Болуарте и членовите на нејзиниот кабинет поради насилните судири во кои од почетокот на декември загинаа најмалку 40 луѓе, а стотици беа повредени. И покрај тоа, новата влада со големо мнозинство гласови ја доби довербата од Конгресот. Во случај на неуспех, […]
Украинските вооружени сили ги негираа руските тврдења дека Русија веќе го контролира малиот град Соледар во источна Украина, јави ДПА. – Русите велат дека Соледар е под нивна контрола. Тоа не е точно, изјави денеска портпаролот на украинските вооружени сили, цитиран од медиумите во Киев. Тој додаде дека Генералштабот на Украина ќе даде информации за […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските вооружени сили мора да „бидат подготвени“ на границата со Белорусија. Неговата изјава уследи откако белоруското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека Москва и Минск го засилија заедничкото воено групирање во Белорусија преку испраќање на оружје, војници и специјализирана опрема. – Разговаравме за заштитата на државната […]
Шефот на шведската дипломатија Тобиас Билстром истакна дека Европска Унија е „подготвена за долга војна“ во Украина и оти ќе го поддржи Киев против руската агресија „колку што ќе биде потребно“. – И покрај постојаните обиди на Русија да не подели, единството во ЕУ и преку Атлантикот беше силно. ЕУ е подготвена за долга војна […]
Сите домашни летови во САД денеска се суспендирани до девет часот по американско источно време (14 часот по Гринич) поради голем дефект на системот, објави Федералната управа за авијација (ФАА). Според ФАА летовите се суспендирани поради пад на Системот за известување за воздушни мисии (НОТАМС). Пилотите преку НОТАМС добиваат информации за безбедноста пред полетувањето.