Кристерсон: Очекувам Турција да го ратификува влезот на Шведска во НАТО

Шведска направи сè што и вети на Турција и сега очекува турскиот Парламент да го ратификува нејзиниот влез во НАТО, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Кристерсон рече дека неговата неодамнешна изјава дека Шведска не може да ги исполни барањата на Турција за да го ратификува нејзиниот влез во НАТО била погрешно протолкувана. Тој рече дека Шведска усвоила закон за зајакнување на борбата против тероризмот, што било клучно турско барање.

– Го направивме точно она што го ветивме, рече Кристерсон на групата дописници од Брисел кои отпатуваа во Шведска за да го одбележат преземањето на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ.

По руската агресија врз Украина, Шведска и Финска се откажаа од политиката на неутралност и поднесоа барања за членство во НАТО. Досега протоколот за влез во НАТО на овие две земји го ратификуваа 28 од 30-те членки на Алијансата. Останаа уште Турција и Унгарија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *