Анкета: Над 90 проценти од Европејците се загрижени поради зголемените трошоци за живот

Зголемувањето на трошоците за живот е најголемата грижа за 93 отсто од Европејците, покажува најновото истражување на Евробарометар изработено за Европскиот парламент.

Анкетата покажува дека поддршката за ЕУ останува стабилна и висока, при што граѓаните очекуваат Унијата да продолжи да работи на решенија за ублажување на ефектите од кризите.

Во секоја земја-членка на ЕУ, повеќе од седум од десет испитаници се загрижени за зголемените трошоци за живот, со највисоки оценки во Грција (100 проценти), Кипар (99), Италија и Португалија (и двете по 98 отсто).

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 82 проценти од испитаниците се загрижени поради заканата од сиромаштија и социјална исклученост, додека 81 отсто навеле дека се грижат поради климатските промени и опасноста војната во Украина да се прошири и во другите земји.

Анкетата покажува и дека речиси половина од населението на ЕУ (46 проценти) навеле дека нивниот животен стандард веќе е намален поради ефектите од пандемијата Ковид-19, поради војна на Русија против Украина и кризата со трошоците за живот. Други 39 отсто се изјасниле дека не доживеале пад на нивниот животен стандард, но очекуваат тоа да се случи во тековната година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *