Путин и Раиси разговараа за спроведување проекти во областа на енергетиката и транспортот, соопшти Кремљ

Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со неговиот ирански колега Ебрахим Раиси, јавија руските агенции, повикувајќи се на прес-службата на Кремљ.

Според руското претседателство, двајцата лидери разговарале за актуелни прашања од руско-иранските односи. Акцент беше ставен на натамошната изградба на целиот комплекс на билатерална соработка.

-Претседателите зборуваа поконкретно за доследно спроведување на заемно корисни проекти во областа на енергетиката, транспортот и логистиката. За време на дискусијата за меѓународните прашања, двете страни дадоа позитивна оценка за воспоставената тесна координација во рамките на процесот во Астана, кој игра клучна улога во решавањето на сириското прашање, соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Путин и Раиси изразиле подготвеност да ја продолжат да се залагаат за нормализирање на ситуацијата во Сирија и за враќање на нејзиниот територијален интегритет.

Дополнително во разговорот претседателите го истакнале „одржувањето голем број контакти на високо ниво“. Во понеделникот, иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Раиси планира да ги посети Турција и Сирија, но не беа дадени детали за посетите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *