Заземањето на клучниот украински град Покровск ѝ овозможи на војската да продолжи со своите задачи во офанзивните операции во Украина, изјави рускиот претседател Владимир Путин. „Ова е важна насока . Сите разбираме колку е важна. Ќе обезбеди решенија за задачите што првично ги поставивме на почетокот на специјалната воена операција“, рече Путин за време на посетата на командниот пункт […]
Европската централна банка (ЕЦБ) одби да обезбеди заштитна мерка за исплата на 140 милијарди евра на Украина, што дополнително го комплицира планот на Европската унија за подигнување „кредит за репарација“ со користење на замрзнати руски средства, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Според извори на „ФТ“, ЕЦБ заклучила дека предлогот на Европската комисија не е во согласност […]
Полскиот премиер Доналд Туск и германскиот канцелар Фридрих Мерц се судрија околу прашањето за воените репарации за уништувањето на Полска за време на нацистичката ера. Отвореното несогласување меѓу двајцата лидери, кои ветија дека ќе ги поправат честопати затегнатите односи меѓу нивните земји, фрли сенка врз разговорите во Берлин кои требаше да демонстрираат единство и соработка […]
САД сметаат дека не е потребно државниот секретар Марко Рубио да присуствува на долго планираниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, и покрај тековните разговори за крај на војната во Украина. „Рубио веќе присуствуваше на десетици состаноци со сојузниците на НАТО и би било сосема нереално да се очекува тој да […]
Повеќе од 1.200 луѓе загинаа, а над 800 лица сè уште се водат како исчезнати во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето предизвикани од одделни бури што донесоа обилни и долготрајни дождови низ Шри Ланка, голем дел од Суматра во Индонезија, јужен Тајланд и северна Малезија минатата недела, покажуваат најновите податоци од властите во погодените […]
Четири лица се повредени откако противвоздушна граната експлодираше во воен тренинг центар во Паџу, во близина на меѓукорејската граница, објавија денес јужнокорејските воени претставници. Експлозијата се случила утрово за време на вежба за гаѓање од воздушна одбрана, кога артилериски проектил од 30 милиметри се заглавил во магацин за муниција, објави Јонхап. Тројца подофицери и еден […]
Словенечката полиција пронашла тело на жена во шума во близина на Мајшперк, соопшти Полициската управа во Марибор. Телото е на 31-годишна австриска државјанка која исчезна минатиот викенд. Во последните денови ја барале и во Австрија и во Словенија. Кривични истражители од Полициската управа во Марибор веќе извршиле увид на местото на злосторството, а присутни се […]
Светската здравствена организација објави во пресрет на Светскиот ден на СИДА-та дека во текот на 2024 година, ХИВ инфекција е регистрирана кај 1,3 милиони луѓе, додека 630.000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ. Тие наведуваат дека во 2024 година, 40,8 милиони луѓе ширум светот живееле со ХИВ. СЗО, заедно со партнерите, го одбележува Светскиот ден […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по што најави „важни денови“ за Украина. „Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно ги координираме нашите активности, во активностите на сите партнери, заедничките мерки, заедничките ставови ќе бидат исклучително ефикасни“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој […]
Аеродромот во главниот град на Литванија, Вилнус, денес објави дека привремено ги прекинува операциите поради сомнителни балони во неговиот воздушен простор, што е најновото во низата прекини на летовите во балтичката земја. Аеродромот во Вилнус е затворен најмалку десет пати од почетокот на октомври, од истите причини, пренесува Ројтерс. По масовното појавување на метеоролошки балони […]