Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска истакна дека Украина мора да добие авиони кои ќе можат да се справат со руските воени воздухопловни сили и дека неговата земја е подготвена, покрај 14-те авиони МИГ 29 од советско производство што веќе ги издвои, постепено да ги испраќа и своите преостанати МИГ авиони кога ќе почнат да пристигнуваат, […]
Министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников денеска ќе биде во посета на Атина, соопшти грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос, говорејќи вчера во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос рече дека претпоставува дека за посетата може да има многу дискусии, многу шпекулации, многу анализи околу тоа зошто доаѓа, што ќе побара, […]
Папата Франциск изјави дека сексот е „една од најубавите работи што Бог му ги дал на човекот“ во нова документарна програма наменета за стрим-платформите. Поглаварот на Римокатоличката црква говори за тоа во документарецот „Папата одговара“ (The Pope: Answers), снимен на негова средба со млади луѓе во Рим. Тие му поставуваа прашања на различни теми, како […]
Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата. Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица. Поради невремето во одредени делови на Романија затворени се и училиштата, а има и прекин во снабдувањето со електрична енергија во […]
Американски доставувач на куќни апарати вчера беше осуден на доживотен затвор затоа што претепал 75-годишна жена до смрт и ја запалил во нејзиниот дом на Флорида. Судијата во округот Палм Бич го осуди Хорхе Дупре Лахаз на две доживотни затворски казни, плус дополнителни 30 години. -24-годишникот беше осуден во јануари за убиство од прв степен, […]
Израелските безбедносни сили втора ноќ по ред се судрија со Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим. Конфликтот се случува за време на празничната сезона, претстојниот исламски Рамазан и еврејскиот празник Пасха. Група млади Палестинци синоќа запалиле пиротехнички средства и фрлале камења кон израелската полиција додека се обидувале да се забарикадираат во Ал […]
На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му е дијагностицирана леукемија, изјави во четвртокот извор близок до италијанскиот политичар. Изворот го потврди извештајот на Corriere della Sera кој објави за болеста на Берлускони/ Тој од средата е на интензивна нега во кардиолошкото одделение на миланската болница „Сан Рафаеле“, откако имал проблеми со дишењето. Милијардерот, кој своето […]
Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“. Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли. Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по […]
Земјотрес со интензитет 5,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во југоисточниот дел на Тихи Океан. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентарот 3,178 километри западно од Валдивија.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во предизборните анкети тој води пред другите претседателски кандидати, како и оти коалицијата околу неговата Партија на правдата и развојот (АКП) исто така има поголем рејтинг од другите партии. Според него објавените предизборни анкети не кореспондираат со резултатите кои Ердоган и АКП ги добиле за рејтингот пред […]