Во руски напад во Киевската Област попладнево, 55-годишна жена е убиена, а 11 лица се повредени, според полицијата на регионот Киев. До 16:20 часот беше пријавено дека се оштетени 25 повеќекатни згради и 106 куќи, како и 88 автомобили, според полицијата, пренесува Укринформ. Во областа Бровари повредени се три лица, а оштетени се 10 повеќекатни […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека благодарение на активната дипломатија, сосема е реално во наредните денови да бидат финализирани чекорите за да се утврди како да се „заврши војната со достоинство“. Според него, вечерва, по американско време, украинската делегација треба да пристигне во Соединетите Американски Држави, а дијалогот ќе продолжи врз основа на […]
Швајцарците денес гласаат на референдум за тоа дали да воведат данок на наследство од 50 проценти за супербогатите, додека владите ширум светот се борат со прашањето како да го оданочат богатството. Овој референдум, еден од најконтроверзните во поновата швајцарска политичка историја, го одразува глобалниот јаз меѓу земјите што се натпреваруваат да привлечат богати семејства со […]
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро го критикуваше Израел за она што го нарече „систематско уништување на образовната инфраструктура и масакр врз цивили“ во Газа, предупредувајќи дека таквите акции ги поткопуваат напорите за одржување на кревко примирје. Зборувајќи на церемонијата по повод доделувањето на наградите „Илим Јајма“ во Истанбул, Ердоган изјави дека 80 проценти од […]
Најмалку едно лице е убиено, а 11 се повредени, меѓу кои и едно дете, синоќа во Украина, во близина на Киев, во напад со руски беспилотни летала, соопштија локалните власти. Шефот на воената администрација за регионот Киев, Микола Калашник, преку Телеграм го осуди „непријателскиот напад врз Вишгород во кој едно лице беше убиено, а 11 […]
Повторно се зголеми бројот на жртви во катастрофалниот пожар што минатата недела го зафати станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг. Локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата, наведуваат дека досега се пронајдени телата на 146 лица, што е значително повеќе од претходно објавените 128. Спасувачките служби продолжуваат да ги пребаруваат изгорените станбени згради, а […]
Шпанија го откри првиот случај на африканска свинска треска од 1994 година, откако вирусот беше пронајден кај две диви свињи кои угинаа во близина на Барселона, соопшти денес Министерството за земјоделство. Министерството ја информираше Европската Унија и активираше итни мерки во погодената област додека трае истрагата за потеклото на инфекцијата. Вирусот, кој е безопасен за […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес објави дека шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, поднел оставка. Зеленски изјави дека не сака никој да поставува прашања за Украина и затоа денес ќе бидат донесени некои внатрешни одлуки. „Прво: Кабинетот на претседателот на Украина ќе назначи ново лице за свој шеф – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, […]
Француските аеродроми предупредуваат дека би можеле да изгубат повеќе од 1,3 милиони патници во 2026 година поради наглото зголемување на надоместоците за авиопревоз. Зголемувањето на данокот што стапи на сила во март, исто така, ја зголеми цената на авионските билети и другите трошоци, поради што светските авиокомпании почнуваат да го намалуваат својот капацитет во Франција, […]
Турската компанија „Трибека“, која обезбедува услуги за сите бродови што се закотвуваат во турските пристаништа, денес објави дека машинската просторија на танкерот „Каирос“, кој се наоѓал во Црното Море северно од Босфорскиот теснец, била погодена од експлозија и пожар, и дека се сомнева дека експлозијата е предизвикана од мина. Танкерот што пловел под знамето на […]