Европската авијациска корпорација „Ербас“ ги извести авиокомпаниите дека итните поправки на некои од нејзините авиони „А320“ поради софтверска грешка би можеле да се извршат порано отколку што првично се сметаше, потврдија денес извори од корпорацијата. Иако останува фактот дека околу 6.000 авиони имаат потреба од поправка, се проценува дека бројот на авиони на кои им […]
За време на масовниот напад врз Украина во текот на изминатата ноќ и утрово, Русите лансираа околу 36 ракети и речиси 600 дронови, изјави претседателот на таа земја, Володимир Зеленски. „Главните цели на нападот беа енергетски и цивилни објекти, а голема штета беше предизвикана и од пожарите во станбените згради. Засега е познато дека десетици […]
Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 65, повредените на 70, а повеќе од 300 лица се водат како исчезнати, објавија денес локалните власти. Во соопштението се наведува дека се подготвува официјално барање до Пекинг за помош и поддршка, како и дека за преживеаните е обезбедено привремено сместување со парична отштета. […]
Бројот на жртви од пожарот во станбен комплекс со високи згради во Хонг Конг се искачи на 75. Претходно, најмалку 65 лица загинаа, а најмалку 70 беа повредени во пожар во станбен комплекс во областа Таи По. Пожарникарите се борат со пожарот од доцна попладне, кога избувна на бамбусови скелиња и градежна мрежа, а потоа […]
Најмалку 83 лица загинаа, а повеќе од 250 се водат како исчезнати по катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По во Хонг Конг. Пожарникарите сè уште се борат со густ чад и екстремна топлина за да стигнат до заробените жители на повисоките катови. Службениците изјавија дека 76 лица […]
Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала го погоди централниот дел од Иран. Засега нема информации за повредени лица, објави Ројтерс. Земјотресот бил со епицентар во близина на градот Бехабад. Иран се наоша сред големи сеизмички раседи, и секојдневно има барем по еден земјотрес.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ќе ја прекине офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите што Москва ги смета за свои, заканувајќи се дека во спротивно неговата војска ќе ги земе со сила. Острата порака доаѓа во време кога руските сили полека, но сигурно напредуваат низ источна Украина во исцрпувачка […]
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави нови, построги мерки за имиграција, вклучително и трајно запирање на миграцијата од „земјите од третиот свет“ и откажување на сите федерални бенефиции за оние кои не се државјани на САД. Во објави на мрежата „Truth Social“, Трамп рече дека сака „целосно да го растовари“ американскиот систем, но […]
Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето во Шри Ланка се искачи на 56, соопштија официјални лица. Владата ги затвори сите владини канцеларии и училишта, а повеќе од 600 куќи беа оштетени, објави АП. Тешките временски услови во земјата започнаа минатата недела, а обилните дождови во четврток ја влошија ситуацијата, предизвикувајќи поплави, лизгање […]
Членови на Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (SAPO) од утрово вршат претреси во канцеларијата на Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, во владиниот округ на Киев. Оваа акција се случи во екот на голема антикорупциска истрага што го тресе украинскиот енергетски сектор, пишува Украинска […]