Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави публикација која обезбедува ажурирана листа на лекови чии залихи треба да се подготват во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација. Залихите треба да вклучуваат лекови кои ја спречуваат или намалуваат изложеноста на радијација, но и тие кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на […]Повеќе
Feature Post
САД и Франција не ја исклучуваат можноста за испорака на борбени авиони на Украина, посочија денеска претставниците на двете земји. На прашањето дали Вашингтон ја разгледува таа опција, Џон Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на американскиот претседател, за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека ниту еден вооружен систем не е исклучен. Поддршката, вели тој, ќе биде прилагодена […]Повеќе
Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на рестриктивните мерки насочени кон одредени сектори на економијата на Руската Федерација за шест месеци, до 31 јули. Санкциите првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските активности за дестабилизација на ситуацијата во Украина, а значително беа проширени од февруари 2022 година, откако Русија ја изврши […]Повеќе
Еден чувар загина, а две лица се повредени во пукање во Амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти полицијата, а Азербејџан нападот го оцени како чин на тероризам. Напаѓачот со „калашников“ го убил шефот на обезбедувањето, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, остро го осуди нападот додавајќи […]Повеќе
Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми. Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт. Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското […]Повеќе
Украинските воени претставници во петокот рекоа дека руските сили ја продолжуваат офанзивата во Украина, нагласувајќи ја потребата од повеќе западно оружје. Локалните власти објавија силно гранатирање во северниот, североисточниот и источниот регион на Украина. Во своето секојдневно обраќање до нацијата во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност за зголемениот број земји кои ветуваат напредно […]Повеќе
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, кога им се оддава почест на сите убиени од нацистите и нивните соработници, на денот на ослободувањето на логорот на смртта Аушвиц пред 78 години, рече „Ветуваме дека тоа никогаш повеќе нема да му се повтори на нашиот народ“. „Разликата сега е […]Повеќе
Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим, јави германската новинска агенција ДПА. – Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните, напиша Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. […]Повеќе
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот истакна дека „рамнодушноста и омразата“ сè уште убиваат луѓе, алудирајќи на руската инвазија врз неговата земја. -Денеска, како и секој пат, Украина се сеќава на милионите жртви на холокаустот. Знаеме дека рамнодушноста и омразата убиваат. Рамнодушноста и омразата заедно создаваат […]Повеќе
Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица. Се уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран. Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот. Во […]Повеќе