Филтерските и електронските цигари наскоро би можеле да бидат историја во Европската унија, бидејќи Советот на ЕУ има намера да го следи предлогот на Светската здравствена организација (СЗО) и планира да ги забрани, пишува австрискиот весник Хојте. Во нацрт-резолуцијата на Советот на ЕУ, до која Хојте имал пристап, се наведува дека „забраната за производство, увоз, […]
За време на денешниот генерален штрајк во Брисел, каде што според полициските проценки имало 80.000 лица, дошло до конфликт меѓу дел од демонстрантите и полицијата. Поради нивното одбивање да го напуштат местото на протестот, бриселската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, објави „Бриселс тајмс“. Полициската акција резултираше со апсење на неколку лица, […]
Воените лидери на Мадагаскар во понеделник изјавија дека армијата ја презела власта во островската држава во Индискиот Океан откако Долниот дом на парламентот гласаше за импичмент на претседателот Андри Раџоелина, кој избега во странство. Воените лидери изјавија дека суспендирале неколку државни институции. „Уставот е суспендиран и е формиран претседателски совет составен од припадници на армијата […]
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала вечерва ja погоди западна Турција, во близина на градот Баликесир соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета. Во околината на Баликесир во изминатите месеци се […]
Во Соединетите Американски Држави, американскиот претседател Доналд Трамп во Белата Куќа зборуваше за најновите случувања на Блискиот Исток. Тој кажа дека очекува Хамас да се разоружа, доколку не се случи тоа, тогаш ќе има реакција од САД. „Ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме. И тоа ќе се случи брзо, можеби насилно“, рече Трамп […]
Најмалку 19 лица загинаа попладнево во западната индиска држава Раџастан кога автобус се запали, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според NDTV, автобусот превезувал 57 патници на рутата помеѓу Џајсалмер и Џодпур кога од задниот дел на возилото почнал да излегува чад, пренесува Ројтерс. Возачот го запрел автобусот покрај патот, но пожарот се […]
Американскиот претседател Доналд Трамп му го додели Претседателскиот медал за слобода, највисокото американско цивилно одликување, на починатиот Чарли Кирк. Посмртната церемонија на доделување на наградите ќе се одржи денес во Белата куќа, објави „Њујорк тајмс“. Кирк, кој беше клучен организатор на движењето MAGA, беше смртно застрелан на 10 септември додека зборуваше на настан на Универзитетот […]
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за време на прес-конференцијата во вторник во Белата куќа. Трамп рече дека рускиот лидер едноставно не е подготвен да ја заврши „својата војна во Украина“, објави Ројтерс. „Слушајте, многу сум разочаран бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи, веројатно сè уште имаме. Тој […]
Локалните власти во Украина во вторник наредија евакуација на семејства од десетици села во близина на уништениот североисточен град Купјанск, наведувајќи ја „влошената безбедносна ситуација“ во регионот кој се соочи со тешки руски напади. Олех Синихубов, гувернерот на североисточниот Харковски регион, објави на Телеграм дека на вкупно 409 семејства со 601 дете им е наредено […]
Најмалку шест пакистански паравоени војници беа убиени во судир со милитанти во близина на авганистанската граница, соопштија денес безбедносните претставници. Повеќе од 12 цивили се убиени, а околу 100 се ранети во нападите на пакистанските сили врз Авганистан, изјави портпарол на талибанците во објава на мрежата X. Пакистанските безбедносни сили синоќа разменија оган со авганистанските […]