Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Киев, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви. Шефот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, информира дека Русија лансирала 12 дронови кон Киев, но оти украинските сили за противвоздушна одбрана ги идентификувале и уништиле […]
Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“. Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс. За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки […]
Најмалку 20 лица загинаа кога преполн автобус удрил во мост, се превртел и запалил во југозападниот дел на Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми. Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот. Несреќата се случила во југозападната провинција […]
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зголеми производството на нуклеарни материјали за да се зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, велејќи дека Пјонгјанг треба да биде целосно подготвен да го користи оружјето во секое време Ким повика на зголемено производство на нуклеарен арсенал за време на инспекцијата на програмата за нуклеарно оружје на земјата […]
Тринаесетгодишен ученик од основно училиште во бразилскиот град Сао Пауло денеска со нож ги нападна своите наставници, при што усмрти еден и повреди тројца, а повреди и двајца ученици, изјавија официјални претставници. Петмината повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а осомничениот напаѓач е приведен од воената полиција, а сега е под истрага. Убиената […]
Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима. Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари. Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки. Кокаинот бил прицврстен за гумени листови […]
Белата куќа, преку својот портпарол, Џон Кирби, порача дека САД и натаму се загрижени за ситуацијата во Израел, а претседателот Џо Бајден својата загриженост за предложените судски реформи во оваа земја ги сподели директно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Британските медиуми пренесуваат дека поради настаните во земјата во последните неколку дена Кирби повика на компромис […]
Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси. Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер. […]
Во Чешка, која од почетокот на војната во Украина привремено прими 502.000 бегалци од таа земја погодена од војна, останаа помалку од 300.000 Украинци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Чешката Република на бегалците им одобри визи и привремено засолниште, по што некои Украинци се вратија во татковината, додека некои заминаа во други земји. Чешкиот […]
Унгарскиот парламент, во кој доминира десничарската партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, денеска го ратификуваше членството на Финска во НАТО по неколку месеци одложување. Големо мнозинство од пратениците, 182 гласа „за“ наспроти шест гласа „против“, го одобрија пристапот на нордиската земја во воениот сојуз.