Видеото од црн прстен од чад над руската престолнина стана вирално на социјалните мрежи, а многу корисници на Твитер шпекулираат како е создаден кругот. Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, го сподели видеото на својот Твитер профил и досега го погледнале повеќе од два милиони луѓе. „Жителите на Москва споделуваат видео […]
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска изјави дека се обидува да постигне договор за заштитните мерки за украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од Русија, истакнувајќи дека ги адаптирал своите предлози во обид да постигне „пробив во преговори“. Гроси додаде дека претходно се залагал за создавање безбедносна зона околу нуклеарката Запорожје, […]
САД ги гледаат со загриженост зацврстените односи меѓу Русија и Иран, соопштија од Стејт департментот. – Тоа треба да предизвика загриженост не само кај соседите на Русија и Иран, но и кај другите земји во светот, изјави на брифингот за новинарите Ведант Патер, претставник на Стејт департментот. – Го видивме хаосот предизвикан од беспилотните летала […]
Португалија привремено го укинува данокот на додадена вредност (ДДВ) за основната храна за да ја спречи инфлацијата. Левичарската влада на Португалија планира привремено да го укине ДДВ на 44 основни прехранбени производи за шест месеци за да ја спречи високата инфлација, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта. Тој додаде дека мерката е дел од договорот потпишан […]
Околу 828.000 работници останаа без работа по серијата земјотреси што во февруари ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, објави денеска Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Првите податоци покажуваат дека земјотресите во Турција доведоа до намалување на работната активност и оти околу 658.000 луѓе се без работа или приход, според процената на ИЛО. Во Сирија, […]
Жените во Европа, во просек, своето прво дете го раѓаат на возраст од 29,7 години, покажуваат најновите податоци на европското Биро за статистика – Евростат, што денеска го објави својот извештај за 2021 година, јави ДПА. Просечната возраст на мајките кои за првпат родиле од 2013 година континуирано расте, кога изнесувала 28,8 години, соопшти Евростат. […]
Белорусија денеска одговори дека одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД и нивните сојузници, насочен кон промена на политичката и геополитичка насока, наведе Хина. Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва во иднина ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје кај верниот сојузник и сосед Белорусија, […]
Поранешниот издавач на Нешнл Енквајарар (National Enquirer), Дејвид Пекер, сведочеше пред големата федерална порота во Менхетен, која сослушува докази за улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп во тајната исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Дејвид Пекер, кој сведочеше во јануари, не беше достапен за коментар по вчерашното 45-минутното сведочење, истакнува Ројтерс, пренесува Хина. Доколку биде […]
Полицијата кај жената која го изведе нападот во училиштето во Нешвил и притоа уби шест лица, пронашла бележник во кој било нотирано дека таа планирала и напади на други локации, соопшти американската полиција. Во пронајдениот „манифест“ се наведувало дека „ќе има убиства на неколку локации и училиштето е едно од нив“, изјави шефот на полицијата […]
Американскиот претседател Џо Бајден го нарече пукањето во училиште во Нешвил „одвратно“, велејќи дека насилството со огнено оружје ја „кине душата“ на САД. – Тоа е одвратно. Тоа ја кине душата на нашата нација, рече тој, ја пофали брзата акција на полицијата и повторно го повика Конгресот да го забрани автоматското оружје. Бајден не одржа […]