Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

Орбан: Европа мора да се сврти од војна кон мир

Објавено: · 1 мин читање
Орбан: Европа мора да се сврти од војна кон мир

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ризикот од ширење на војна меѓу Украина и Русија е „секојдневна можност“ поради лидерите на западните земји кои, според него, даваат простор на провоени наративи. Во интервју за јавното радио, Орбан ја повика Европа да „се сврти и да се движи кон мир, а не кон војна“, објави МТИ.
Орбан истакна дека фундаменталното прашање е што е во интерес на Европа, а неговиот одговор е – „мир“. Тој нагласи дека Европа треба да вложи максимални напори за да постигне стабилност и да избегне конфликт што би можел да „ја уништи европската економија“.
Во исто време, ги критикуваше земјите кои, според него, „мислат дека војната е подобра од мирот“ и кои ја снабдуваат Украина со оружје, пари и технологија, додека разговараа за испраќање војници.