Русија планира наскоро да го укине визниот режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија, објавува РИА Новости. „Влезен туризам: постигнување безвизен режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија во блиска иднина“, се вели во информативната белешка за медиумите по повод стратешката сесија „Развој на туризмот во Русија“, предводена од премиерот Михаил Мишустин. Се очекува до […]
Земјотрес со интензитет од 5,0 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово источниот дел на Тајван, соопшти Централната метеоролошка управа на островот. Според агенцијата, земјотресот е регистриран во 7:52 часот наутро по локално време во округот Хуалиен. Епицентарот на земјотресот што го погоди кинескиот регион Тајван беше на длабочина од 6,1 километар. Нема извештаи за […]
Најмалку три лица се повредени вечерва кога руските сили го гранатираа центарот на градот Херсон на југот на Украина, соопшти Регионалната државна администрација на Херсон. „Околу 20:20 часот, руските воени сили го гранатираа централниот округ на Херсон. Две лица се повредени како резултат на непријателскиот напад“, се вели во соопштението објавено на Телеграм. Педесет и […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и предизвикување немири. Зеленски, во видео обраќање синоќа, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната преку транспорт со танкери за нафта, туку и за саботажи и […]
Од недела, 12 октомври, Европската Унија воведува нов биометриски систем за контрола на влез и излез (SUI) за сите граѓани кои не се членки на ЕУ, вклучително и Британците, а проверките ќе се вршат на меѓународните аеродроми, пристаништа, железнички терминали и патни премини. Системот бара регистрација на лични податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и фотографија […]
Се подготвува враќањето на ладната зима поради неколку океански и атмосферски фактори. Често се спомнува дека зимите во последните години не се толку ладни како во минатото. Меѓутоа, се чини дека оваа зима би можела да биде значително постудена. Зимава ќе биде навистина ладна, изјавиле од „Severe Weather Europe“, објаснувајќи дека тоа се однесува на […]
Научниците Мери Бранкоу, Фред Рамсдел и Шимон Сакагучи се добитници на овогодинешната Нобелова награда за медицина за нивните откритија во областа на периферната имунолошка толеранција, објави Нобеловото собрание при шведскиот институт Каролинска. „Нивните откритија поставија темели за ново поле на истражување и го поттикнаа развојот на нови третмани, вклучувајќи рак и автоимуни болести“, се вели […]
Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 100.000 домаќинства се погодени од поплавите што погодија 16 провинции во Тајланд во текот на изминатата недела. Поплавите се предизвикани од неколкудневните обилни дождови и бури, соопшти Министерството за внатрешни работи, објави Ројтерс. Провинцијата Утарадит на северот од земјата беше најтешко погодена , каде што загинаа пет лица. „Водата брзо се креваше, моравме да […]
Цените на нафтата се искачија над 65 долари во понеделник на меѓународните пазари, бидејќи големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината. На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 79 центи повисока од вчерашното затворање на 65,32 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по […]
Цените на златото надминаа 3.900 долари за унца на глобалните пазари, што одразува загриженост на инвеститорите во врска со затворањето на американската влада и очекувањата дека американската централна банка повторно ќе ги намали клучните каматни стапки за да ја поддржи вработеноста. На физичкиот пазар, унца злато вредеше 3.943,01 долари напладне, што е зголемување од 1,5 […]