Едно лице загина при уривање на четирикатница во Доха, главниот град на Катар, соопштија денеска властите. Според катарското Министерство за внатрешни работи, спасувачите пронашле седуммина преживеани, а лицето кое загинало било во зградата во моментот на уривањето. Надлежните се уште не дале објаснување за уривањето на зградата.
Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Иран, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри северно од градот Горган, чие население надминува 350.000 луѓе. Земјотресот бил на длабочина од 7,2 километри. Нема информации за повредени или материјална штета.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека нема опасност од „нуклеарна ескалација“ во војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Велика Британија поради снабдувањето на украинските сили со тенковска муниција со осиромашен ураниум. Клеверли рече дека Русија е единствената земја која зборува за растечкиот нуклеарен ризик, а муницијата, тврди […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Законот за пензиска реформа треба да се спроведе пред крајот на годината. Британските медиуми наведуваат дека Макрон соопшти дека неговата влада ќе се обиде да ја врати Франција во нормала „што е можно поскоро“. Претходно неделава француската Влада за само девет гласа го „преживеа“ гласањето недоверба во францускиот […]
Израел денеска се обиде да ја смири загриженоста на Западот во врска со промената на законот што го забранување населувањето на подрачјата што беа евакуирани во 2005 година, објавувајќи дека не планира да гради нови населби во тоа подрачје. Кнесетот вчера укина делови од тој закон што во пракса може да да им овозможи на […]
Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба. Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто […]
Израелски воени авиони рано утринава истрелаа ракети врз меѓународниот аеродром во градот Алепо на северот на Сирија, при што е причинета материјална штета, јавија сириските државни медиуми. Засега нема извештаи за загинати. Тоа е втор израелски напад на тој сириски аеродром во март. Како што е наведено, борбените авиони истрелале проектили во правец на Алепо, […]
Недостигот на вода поради нејзината прекумерна потрошувачка и климатските промени може да доведат до глобална криза на водата, предупредија ОН во извештајот објавен синоќа. Околу две милијарди луѓе немаат пристап до вода за пиење, а 3,6 милијарди немаат пристап до безбедни санитарни системи, се наведува во извештајот на агенцијата UN-Water и УНЕСКО пред денешното отворање […]
Претседателот на САД, Џо Бајден вчера им додели национални медали на повеќе познати личности за нивниот придонес во американското општество. Меѓу нив се рокерот Брус Спрингстин, глумицата Џулија Луис-Драјфус, историчарот Волтер Ајзаксон и писателката Ејми Тан. При одликувањето на Спрингстин со Националниот медал за уметности, имајќи ја предвид песната на Спрингстин, „Born to Run“, Бајден […]
Руската морнарица утрово „одбила“ напад со беспилотни летала врз пристаништето Севастопол на Крим анектиран од Москва, објави гувернерот на градот кој е поддржан од Кремљ. „Црноморската флота одби напад со беспилотни летала врз Севастопол“, напиша на Телеграм, Михаил Развозаев, гувернер на Севастопол поддржан од Русија. „Дроновите се обидоа да навлезат во нашиот залив, нашите морнари […]