Делегации од Израел и Хамас започнаа индиректни разговори во Египет, за кои владата на САД се надева дека ќе резултираат со крај на војната во Газа, но прашањата што се спорни за двете страни, како што се целосно повлекување на Израел од енклавата и разоружување на палестинското движење, се на маса. И Израел и Хамас […]
Европската централна банка (ЕЦБ) започнува двегодишен период на промени на врвот, во кој две третини од членовите на Извршниот одбор, вклучувајќи ја и претседателката Кристин Лагард, ќе бидат заменети. Се очекува процесот да започне со состанок на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург, каде што би можела да се започне дискусија за тоа кој […]
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со долг дострел на земјите-членки на НАТО, за потоа тие да бидат испорачани во Украина. Украинските власти тврдат дека овој тип на ракети би овозможиле Киев да може да напаѓа воени цели длабоко во Русија, и би помогнале во одвраќањето на […]
Медицински хеликоптер се урна денес на автопатот во Сакраменто, главниот град на американската држава Калифорнија, а властите ги истражуваат околностите што доведоа до инцидентот. Според противпожарната служба на Сакраменто, хеликоптерот REACH се урнал околу 19 часот по локално време на автопатот 50, објави американската новинска агенција CBS (CBS News). Поради несреќата, автопатот 50 кон исток […]
Непознато лице пуштило солзавец во тоалет во училиште во Боргентрајх, во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија, при што биле повредени 40 деца, од кои 12 биле пренресени во болница, јавува „Билд“. Полицијата го добила повикот во понеделникот наутро, откако неколку ученици веднаш се пожалиле на отежнато дишење и гадење. Околу 130 спасувачи пристигнале во голем […]
Повеќе од 200 преостанати планинари, кои беа заробени од снежна бура во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет за време на викендот, моментално се евакуираат, изјави денес за Ројтерс извор запознаен со ситуацијата. Евакуацијата започна во понеделник и треба да заврши денес, изјави изворот, кој побара да остане анонимен, бидејќи нема овластување да […]
Протестите во центарот на Тбилиси ескалираа во судири синоќа кога демонстрантите упаднаа во дворот на претседателската палата Орбелиани откако владејачката партија прогласи победа на локалните избори. Неколку десетици демонстранти влегоа во комплексот на палатата пред полицијата да употреби солзавец за да ги растера. И покрај ова, демонстрантите постојано се обидуваа да го пробијат комплексот, што […]
Израелското Министерство за надворешни работи во неделата остро ги отфрли обвинувањата дека шведската активистка Грета Тунберг и другите пропалестински активисти биле малтретирани во притвор, нарекувајќи ги нивните изјави „бесрамни лаги“. Но, израелскиот екстремно десничарски министер за безбедност, Итамар Бен-Гвир, рече дека е „горд што ги третираме „активистите на флотилата“ како поддржувачи на тероризмот“. „Сите оние […]
Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени […]
Стотици алпинисти заглавени во метеж во близина на источната страна на Монт Еверест во Тибет се спасени од спасувачите, објавија кинеските државни медиуми во неделата, додека невообичаено обилни врнежи од снег и дожд ги погодија Хималаите. Во недела, 350 планинари стигнаа до градот Куданга, додека комуникацијата со преостанатите повеќе од 200 планинари беше воспоставена, објави […]