Соединетите Американски Држави неочекувано гласаа вчера на Генералното собрание на ОН против резолуцијата за долгорочните последици од катастрофата во Чернобил. Овој потег го усогласува Вашингтон со Русија, Белорусија, Кина, Северна Кореја, Никарагва и Нигер во клучното гласање за нуклеарната безбедност. И покрај ова, резолуцијата, која повикува на проширување на глобалните напори за ублажување на последиците […]
Најмалку 13 затвореници беа пронајдени мртви во неделата во јужен еквадорски затвор, кој беше потресен од насилство во последните месеци, соопшти затворската служба SNAI во понеделник. Телата беа пронајдени откако експлозивна направа беше детонирана пред затворот во Мачала, соопшти SNAI, но не беше јасно дали експлозијата е директно поврзана со смртта на затворениците, објави CNN. […]
Припадник на британските вооружени сили загина во Украина додека набљудувал тестирање на нов одбранбен капацитет, потврди Министерството за одбрана на Велика Британија, јавува Би-Би-Си. „Тој беше повреден во трагична несреќа додека набљудувал како украинските сили тестираат нов одбранбен капацитет, далеку од фронтовските линии“, се вели во соопштението. Британскиот премиер Кир Стармер изрази „најдлабоко сочувство до […]
Норвешкиот Нобелов институт ја откажа планираната прес-конференција со овогодинешната добитничка на Наградата за мир, Венецуелката Марија Корина Мачадо, поради нејзината забрана за патување. Мачадо е предмет на децениска забрана за патување воведена од владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и се крие повеќе од една година. Институтот соопшти дека не знае каде се наоѓа. „Знам […]
Најмалку 12 лица загинаа во пожар во станбена зграда во јужниот кинески град Шантоу, објави државната новинска агенција Ксинхуа. Пожарот избувнал вчера во 21:20 часот по локално време во четирикатна зграда, и бил изгаснат 40 минути подоцна. Истрагата за пожарот е во тек. Овој инцидент се случува во време кога бројот на жртви во најсмртоносниот […]
Едно лице е убиено , а друго е тешко повредено во пукотница на Државниот универзитет во Кентаки , соопштија денес локалните власти во градот Франкфорт. И двете лица се студенти на Државниот универзитет во Кентаки, но осомничениот напаѓач не е, објави Си-Би-Ес. Пукањето се случило пред студентскиот дом „Јанг Хол“ на јужната страна од универзитетскиот кампус, соопштија локалните власти и потврдија дека осомничениот е […]
Баи Тианхуи, поранешен извршен директор на компанијата за управување со финансиски средства „Чајна Хуаронг Интернешнл Холдингс Лтд.“, беше погубен во Кина откако беше осуден за примање мито во вредност од 156 милиони долари. Егзекуцијата е извршена во општината Тјанџин во северна Кина по одобрение од Врховниот народен суд, пренесува државната новинска агенција Синхуа. Со пресудата […]
Обновените конфликти меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат трет ден, поради што американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го сопре конфликтот. Во јули оваа година, Трамп посредуваше во постигнувањето договор за прекин на огнот со цел да се стави крај на петдневните борби меѓу двете соседни азиски земји, според Ројтерс. Сепак, министерот за надворешни работи […]
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Колумбија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 6 километри северно од Аратока и 36 километри југоисточно од градот Флоридабланко, каде што живеат повеќе од 200.000 луѓе. Граѓаните пишуваат дека го почувствувале земјотресот: „Ме разбуди, креветот се нишаше лево-десно. Беше долг и […]
Северна Кореја испали околу 10 ракети од повеќецевен ракетен фрлач, очигледно како дел од редовните зимски воени вежби, објавија денес јужнокорејските воени претставници. „Армијата откри дека околу 15 часот во вторник, околу 10 ракети биле лансирани во правец на север од Жолтото Море“, објави началникот на Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија и додаде дека е […]