Повеќе од 1.400 граѓани од триесет и четири африкански земји се борат заедно со руските сили во Украина, изјави украинскиот министер за надворешни работи. Украинските власти велат дека Русија се обидела да ги зајакне силите што го напаѓаат својот сосед со регрутирање борци од различни земји, понекогаш и тајно. Андреј Сибиха рече дека Русија ги […]
Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, полицијата ќе биде ослободена од своите должности поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во […]
Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Белата куќа во Вашингтон, јавува „Скај њуз“. Средбата започнала околу 17 часот по британско време, а главна тема е војната во Украина и санкциите кон Русија што неодамна беа воведени за „Росњефт“ и „Гаспром“. Орбан беше пречекан пред западното крило на Белата куќа […]
Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за апсење се однесуваат на вкупно 37 осомничени, меѓу кои министерот за одбрана Израел Кац и министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир, пренесува […]
Торнадото што помина низ делови од општината Рио Бонито до Игуасу, во бразилската држава Парана, уби најмалку пет лица, а повреди околу 130 лица, објавија денес локалните власти. Локалната метеоролошка служба објави дека торнадото превртело автомобили и оштетило куќи во Рио Бонито до Игуасу, а спасувачката служба изјави дека според првите извештаи, „30 лица се […]
Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата. „Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач […]
Американец и неговиот син починаа откако беа нападнати од рој оси за време на туристичка посета на Лаос. Ден Овен, директор на меѓународно училиште во соседен Виетнам, и неговиот син Купер беа нападнати од инсекти во паркот „Зелена џунгла“ додека се симнуваа од дрво на крајот од жичарница. Тие беа нападнати од рој оси додека […]
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија ќе се бори американскиот претседател Доналд Трамп да ја ослободи од санкциите за руската нафта. „Играме за да победиме“, одговори Орбан на прашањето на новинарите за време на летот за Вашингтон што ќе се случи ако Трамп не ѝ одобри на Унгарија ослободување од санкциите за руската […]
Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира за реизбор во 2026 година, што го означува крајот на нејзината четиридецениска кариера како прогресивна демократска икона, честопати критикувана од десницата. „Нема да се кандидирам за реизбор во Конгресот. Со благодарно срце, се радувам на мојата последна […]
Најмалку пет лица загинаа во Виетнам откако тајфунот Калмаеги ги погоди крајбрежните области со разорни ветрови и обилни дождови, соопштија официјални лица во петокот, по смртоносното минување на бурата низ Филипините во кое загинаа најмалку 188 лица. Бурата стигна до централен Виетнам доцна во четвртокот, корнејќи дрвја, оштетувајќи куќи и предизвикувајќи прекини во електричната енергија, […]