Бурата низ Европа сè уште предизвикува откажување на железнички линии и летови во Холандија, прекин на сообраќајот за товарни возила во Франција, како и фериботи во Грција, додека во Велика Британија е на сила жолто предупредување за снег, како и ризик од пороен дожд, силни ветрови и поплави, јавуваат медиумите. На аеродромот „Шипхол“ во Амстердам […]
Колумбискиот пејач Јеисон Хименез е меѓу шесте лица кои загинаа откако авионот со кој патуваше со своите музичари се урна и се запали во Колумбија. Јеисон Хименез и неговиот бенд патувале на концерт синоќа кога малиот авион се урна кратко по полетувањето од аеродромот Паипа во колумбиската покраина Тундама, откако не успеал да ја достигне потребната висина. […]
Норвешкиот Нобелов институт објави дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друго лице, по изјавата на лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, која сугерираше дека може да ја донира својата Нобелова награда за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп. Во своето соопштение, Институтот нагласува дека одлуката за доделување на […]
Обилните снежни врнежи го претворија главниот град на БиХ, Сараево во бајковит пејзаж. Еден млад човек го искористи ова, исполнувајќи го својот сон да скија на главната улица во градот. Тој го привлече вниманието на минувачите со својот спонтан скијачки спектакл, јавува „Дневни аваз“. Скијањето на булеварот предизвика радост кај минувачите, кои го забележаа овој […]
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските власти упатиле повик до Соединетите Американски Држави за преговори, додека тој разгледува, како што наведе, „многу силна“ воена акција против иранскиот режим поради смртоносните мерки против демонстрантите. „Тие се јавија вчера. Иран побара да се преговара. Лидерите на Иран сакаат да преговараат. Мислам дека се уморни од американските […]
Денес, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, до Парламентот на Украина, Врховната рада, испрати нацрт-закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација во земјата. Како што објави Укринформ, на веб-страницата на украинскиот Парламент, објавени се нацрт-закони од 12 јануари 2026 година – број 14366, кој се однесува на потврдување на претседателскиот декрет за продолжување на […]
Илјадници туристи останаа заглавени на северот на Финска откако летовите од аеродромот Китила беа откажани поради екстремно ниски температури, додека поради студот и обилните снежни врнежи наставата во училиштата во некои делови на Германија беше откажана или се одвива онлајн. Температурата на аеродромот Китила падна на -37 степени Целзиусови по повеќедневните арктички временски услови, што […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето вечервашно обраќање изјави дека дијалогот со Америка мора да биде 100 проценти конструктивен. „Разговарав со Кирил Буданов (началник на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина), меѓу другото, и за политиката на санкции. Минатата година беше воспоставена нова соработка со многу партнери за усогласување на […]
Сопствениците на популарниот бар „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, денеска се појавија за првпат пред истражен судија во Сион како осомничени во врска со пожарот од 1 јануари во кој загинаа 40 лица, меѓу кои 21 лице под 18 години. Тие ги дадоа своите искази во канцеларијата на Министерството за правда на Кантонот […]
Во Техеран и другите ирански градови се одржуваат масовни антивладини протести, а снимките од теренот ги покажуваат најголемите демонстрации во последниве години. Немирите, што влегоа во 12-тиот ден, се поттикнати од гневот поради падот на вредноста на националната валута и се проширија во повеќе од 100 градови низ земјата. Протестите се дополнително охрабрени од повикот […]