Јапонскиот парламент доби електронска порака во која непознати напаѓачи се закануваат дека за утре се планирани напади врз институцијата. Одделот за односи со јавност на Горниот дом на јапонскиот Парламент примил електронско писмо во кое се наведува дека во петок, на 21 април, во 13:34 часот по локално време (6:34 часот по средноевропско време) ќе […]
Иранската војска набави повеќе од 200 нови беспилотни летала опремени со системи за електронско војување и ракети, јавија денеска иранските државни медиуми. Иранскиот министер за одбрана Мохамад-Реза Аштиани на церемонија пренесувана на телевизија му предаде „повеќе од 200 стратешки беспилотни летала со долг дострел“ на началникот на армијата Абдолрахим Мусави, јави новинската агенција ИРНА. Беспилотните […]
Британската гранична полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во водите на Ла Манш, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи. Британската полиција откри голем број предмети кои плутаат на површината на водата, по што биле однесени во пристаништето Довер, каде тестовите потврдиле дека се работи за повеќе од еден тон кокаин. Дрогата се запленува […]
Компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“ (SpaceX) денеска за прв пат успешно ја лансираше ракетата „Старшип“ (Starship) од новата генерација, но таа експлодира во воздухот неколку минути подоцна. Ракетата висока 120 метри беше лансирана на својот прв пробен лет без екипаж од полигонот на „Спејс Икс“ источно од Браунсвил, Тексас. Liftoff of Starship! pic.twitter.com/4t8mRP37
Суданските армиски сили и побунетите парамилитарни Силите за брза реакција (РСФ) и денеска со нов судир го прекинаа најавениот прекин на огнот. На социјалните мрежи има снимки од борбите во Картум, градот во кој локалните жители и илјадниците странци немаат каде да се сокријат, а храна речиси и да нема. Во Бахри се слуша пукање, […]
Нов сој коронавирус поради коj повторно се враќаат маските е потврден во Словенија. Според медиумите, вирусот забрзано се шири. Најновите податоци од Националната здравствена лабораторија во Словенија покажаа дека меѓу примероците позитивни на коронавирус, кои се секвенционираа помеѓу 24 март и 7 април, потврдиле нова омикронска подваријанта XBB.1.16., односно арктурус. Новите симптоми што овој вид […]
Иднината на Украина е во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, за време на неговата прва посета на Киев од почетокот на руската агресија, која во моментов е најважно да се порази, а за членството ќе се разговара на самитот во јули, во Вилнус . -Иднината на Украина е во евроатлантското семејство, […]
Во јужниот дел на грчкиот остров Пелопонез, на копно биле пронајдени 47 мигранти, кои успеале сами да се спасат откако едрилицата со која се превезувале удрила во карпа, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека синоќа, преку европскиот број 112 за итни случаи биле информиани дека група од околу […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека време е НАТО да донесе политичка одлука и да ја повика Украина да се приклучи на воената алијанса. На заедничката прес-конференција во Киев со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, украинскиот лидер рече дека самитот на НАТО во јули во Вилнус може да стане „историски“ и додаде дека […]
Најмалку две лица загинаа во округот Меклејн, во Оклахома, кога силно невреме проследено со торнадо зафати неколку региони во централниот дел на САД, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи им помагаат на повредените и заробените во нивните домови, објави на Фејсбук Управата за итни случаи на округот Меклејн, апелирајќи до жителите да ги напуштат погодените области. […]