Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Свет

Денеска во Швајцарија ќе се одржи комеморација за жртвите од пожарот во барот

Објавено: · 1 мин читање
Денеска во Швајцарија ќе се одржи комеморација за жртвите од пожарот во барот

Комеморацијата за жртвите од пожарот во барот во Кранс-Монтана, Швајцарија, ќе се одржи денеска во Изложбениот и конгресен центар Мартинхи (CERM) со почеток во 13:45 часот.
Своето присуство го најавија претседателот на Швајцарија, Ги Пармелен и шефот на државата на таа земја, претставници на кантони, а поканети беа и претставници од повеќе од 30 земји, како и од ЕУ.
Се очекува присуство на повеќе од илјада гости, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот претседател Серџо Матарела, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, како и други европски претставници, претежно од земји чии граѓани загинаа во пожарот.