Најмалку две лица загинаа во округот Меклејн, во Оклахома, кога силно невреме проследено со торнадо зафати неколку региони во централниот дел на САД, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи им помагаат на повредените и заробените во нивните домови, објави на Фејсбук Управата за итни случаи на округот Меклејн, апелирајќи до жителите да ги напуштат погодените области. […]
Речиси секој четврти човек кој живее во Германија има имигрантско потекло – или родено во друга земја или директен потомок на луѓе родени во друга земја, објави германската Федерална статистичка служба, јави ДПА. Тоа е 20,2 милиони луѓе или 24,3 отсто од населението, соопшти службата. Според нивна дефиниција за лице со имигрантско потекло, во оваа […]
Данска и Холандија заеднички ќе донираат вкупно 14 тенкови „Леопард 2“ на Украина, соопштија денеска двете земји. Борбените возила „Леопард 2А4“, кои ќе бидат купени од трета страна и реновирани, се очекува да бидат испорачани во првиот квартал на 2024 година, се вели во заедничкото соопштение. „Заради надеж за мирна и безбедна Европа, апсолутно е […]
Италија се соочува со голем недостиг на работна сила – и недостигаат вкупно околу еден милион работници во неколку економски сектори, изјави министерката за труд Марија Елвира Калдероне. „Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници кои ќе ги пополнат тие […]
Пакистанскиот министер за нафта Мусадик Малик соопшти дека неговата земја првпат нарачала сурова нафта од Русија по намалена цена. Според договорот меѓу Исламабад и Москва, Пакистан ќе купува само сирова, а не преработена нафта. Ако првата трансакција се одвива без проблеми, Пакистан ќе увезува 100.000 барели сурова нафта дневно од Русија, рече Малик. Бродот за […]
На Алпите минатата година се стопи повеќе мраз од ледниците отколку кога било досега, објави денеска агенцијата на ЕУ за следење на климатските промени. Глечерите изгубија повеќе од пет кубни километри мраз, објави Службата за следење климатски промени Коперник. Од европската агенција велат дека доколку споменатата ледена маса се претвори во коцка, нејзините рабови би […]
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа Елазиг во Турција. Епицентарот на земјотресот бил во областа Сиврице, јавуваат турските медиуми. Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, а е регистриран во 1 часот и 44 минути. Надлежните соопштија дека нема пријавена материјална штета, додека службите се уште се […]
Нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која беше заземена од Русија минатата година, ќе престане да користи нуклеарно гориво произведено во САД што е можно поскоро, јавија денеска руски медиуми повикувајќи се на руски функционер. Ренат Карча, советник на извршниот директор на руската нуклеарна компанија „Росенергоат“, која сега управува со централата, изјави за Интерфакс дека […]
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во прва посета на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина за да покаже поддршка за земјата додека се подготвува за контраофанзива. Столтенберг утрово пристигна во ненајавена посета на Киев и се очекува подоцна да има средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Киев индепендент“. Генералниот […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди Саудиска Арабија на опасноста од обновување на дипломатските односи со Иран по договорот постигнат со посредство на Кина во март. „Оние кои се сојузници со Иран се сојузници со мизеријата. Погледнете ги Либан, Јемен, погледнете во Сирија, погледнете во Ирак. Деведесет и пет отсто од проблемите на Блискиот Исток […]