Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН. „Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани“, се вели во новиот извештај на агенцијата […]
Мигел Дијаз-Канел, 63-годишниот претседател на Куба, доби нов петгодишен мандат како прв човек на таа карипска земја, а воедно и последен. Поддршка за Дијаз-Канел, кандидатот на тамошната Комунистичка партија, изрази кубанското национално собрание, со 97,66 отсто од пратениците. Дијаз-Канел сега очекува да продолжи со тешката работа во земјата која минува низ веројатно најтешката економска криза […]
Русија смета дека секое снабдување со оружје за Украина е отворен непријателски антируски чин, нагласи портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова како одговор на изјавата на корејскиот претседател Јун Сук-Јол за можното обезбедување воена помош за Украина. „Русија спроведува одбранбени воени акции против колективниот Запад, кој го избра марионетскиот режим во Киев […]
САД ќе испратат дополнителна воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари, која вклучува огромна количина артилериски гранати и муниција, соопшти денеска Пентагон. И Белата куќа соопшти дека воена помош е пред испраќање, но не ја објави нејзината вредност. Како што пренесува Бета, светските агенции коментираат дека сето ова се случува во пресрет […]
Две лица загинаа од паѓање на маси глечерски мраз во близина на Мон Блан на француските Алпи, пренесе ДПА. Според локалните власти, големи парчиња мраз се одвоиле од глечерот, при што полесно е повредено уште едно лице, а четворица преживеале неповредени. Двете жртви биле затрупани под мразот. Тие биле планинари кои сакале да се искачат […]
Италија се соочува со сериозен недостиг на работна сила и ѝ недостигаат вкупно околу еден милион работници, поделени во различни економски сектори, изјави денеска италијанската министерка за труд Марина Елвира Калдероне. – Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради нивната возраст. Тешко е да се пополнат овие работни места […]
Претседателите на Израел, Германија и Полска денеска од Варшава на 80-годишнината од востанието во Варшавското гето порачаа дека им должат на востаниците и жртвите на германските злосторства против човештвото во Втората светска војна, да кажат заедно „никогаш повеќе“, а таа лекција исто така значи дека во Европа нема веќе никогаш место за убиствена војна каква […]
Проблемите на земјоделците во земјите кои граничат со Украина поради увозот на евтини украински житарки можат да се решат само со заеднички, европски пристап, бидејќи од едностраните мерки имаат корист само украинските противници, се вели во писмото на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен до лидерите од петте земји-членки. „Со оглед на нашиот единствен […]
Делови од Азија овој месец ги зафати бран многу жешко време, а во Кина се регистрирани рекордни температури. Во Индија од горештините починале неколку луѓе. а во некои места се затворени и училиштата. Претходните години Индија често беше изложена на екстремни временски услови, а експертите стравуваат дека ситуацијата оваа година може да биде уште полоша. […]
Шефот на хуманитарната операција на Европската унија (ЕУ) во Судан, Белгиецот Вим Франсен, кој исчезна во неделата вечер, вчера бил пронајден од неговите колеги од мисијата на ЕУ, но повреден, пишува „Њујорк Тајмс“. Според весникот, неговите повреди се сериозни, но не се опасни по живот. Во главниот град Картум, но и други делови на Судан, […]