Поранешниот директор на ЦИА,пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус, оценува дека руската војска направи три клучни грешки за време на инвазијата на Украина. -Тие целосно ги потценија украинските сили и ги преценија руските. Тие не можеа да ја наметнат својата линија на воена кампања и да ги подготват силите за спроведување на оваа кампања, рече Петреус. […]
Русија има програма да ги саботира крајбрежните ветерници и телекомуникациските кабли во Северното Море, покажуваат податоците од заедничкото истражување на нордиските ТВ станици. Во истражувањето на јавните телевизии на Данска, Норвешка, Шведска и Финска, се тврди дека Русија има флота од бродови маскирани како рибарски и истражувачки бродови во Северното Море. Тие носат опрема за […]
Европската Унија планира да одвои 100 милиони евра компензација за земјоделците во земјите кои граничат со Украина и планира да воведе ограничувања за увоз на украински житарици, соопшти денеска Европската комисија. Како што пренесува Јаху њуз, притисокот врз ЕУ да го реши прашањето за падот на цените поради увозот на поевтини украински житарици на територијата […]
Петнаесет мигранти од Тунис исчезнаа по потонувањето на бродот што илегално ги превезуваше преку Средоземното Море до брегот на Европа, соопшти денеска крајбрежната стража. Бродот кој тргнал од источниот брег на Тунис превезувал вкупно 19 мигранти, а само четворица биле спасени од рибар по бродоломот во ноќта кон вторникот, додека 15 се водат како исчезнати, […]
Најголем број бракови со малолетни девојчиња во светот се склучуваат во Јужна Азија, покажуваат новите податоци објавени денеска од УНИЦЕФ. Финансиските тешкотии и затворените училишта за време на пандемијата на Ковид ги принудуваат семејствата да ги вдомат своите ќерки и покрај нивната мала возраст, јавуваат светските агенции. Во регионот има 290 милиони „деца невести“, што […]
Рано изутринава се интензивираа воздушните напади врз цели во суданскиот главен град Картум, јави известувачот на ДПА од теренот, откако обидот да се воспостави 24-часовен прекин на огнот не успеа. Пукање се слушна и на петтиот ден од борбите меѓу ривалските војски. Примирјето требаше да започне во вторник во 18 часот и да трае 24 […]
Се очекува Индија да ја престигне Кина како најнаселена земја во светот до средината на оваа година, според процените на Обединетите нации. Населението на Индија ќе биде 1.4286 милијарди во споредба со 1.4257 милијарди во Кина, според извештајот за светското население на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Населението на Кина се намали минатата […]
Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јави ДПА. Штрајкот ќе opфати 50 компании и ќе трае од 03:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат […]
Итни, краткорочни и среднорочни мерки за безбедно, уредно и ефикасно функционирање на железничкиот транспорт во Грција, предлага извештајот на Експертската комисија за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари годинава во која загинаа 57 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Извештајот бил доставен до државниот министер, надлежен за инфраструктура и транспорт Јоргос Герапетритис, а […]
Јапонија денеска соопшти дека се подготвува да ги евакуира своите граѓани од Судан. Јапонија ќе стане првата земја што ќе преземе ваква мерка поради насилството што трае од саботата меѓу суданската армија и паравоена група. Во борбите меѓу паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) на генералот Мохамед Хамдан Дагло и армијата предводена од генералот […]