Вторник, 24 ноември 2026 вторник, 24 ноември Струга 7°C Струга 7°C Пријави вест
Свет

Трамп ѝ се закани на новата претседателка на Венецуела

Објавено: · 1 мин читање
Трамп ѝ се закани на новата претседателка на Венецуела

Сменетиот венецуелски претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела.
Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин, каде што чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје. Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја назначи потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател. 
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика да не им се спротивставува на САД.
„Ако не го направи она што е исправно, ќе плати многу висока цена, веројатно повеќе од Мадуро“, најави тој.