Тринаесетгодишен ученик од основно училиште во бразилскиот град Сао Пауло денеска со нож ги нападна своите наставници, при што усмрти еден и повреди тројца, а повреди и двајца ученици, изјавија официјални претставници. Петмината повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, а осомничениот напаѓач е приведен од воената полиција, а сега е под истрага. Убиената […]
Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима. Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари. Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки. Кокаинот бил прицврстен за гумени листови […]
Белата куќа, преку својот портпарол, Џон Кирби, порача дека САД и натаму се загрижени за ситуацијата во Израел, а претседателот Џо Бајден својата загриженост за предложените судски реформи во оваа земја ги сподели директно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Британските медиуми пренесуваат дека поради настаните во земјата во последните неколку дена Кирби повика на компромис […]
Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси. Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер. […]
Во Чешка, која од почетокот на војната во Украина привремено прими 502.000 бегалци од таа земја погодена од војна, останаа помалку од 300.000 Украинци, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Чешката Република на бегалците им одобри визи и привремено засолниште, по што некои Украинци се вратија во татковината, додека некои заминаа во други земји. Чешкиот […]
Унгарскиот парламент, во кој доминира десничарската партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, денеска го ратификуваше членството на Финска во НАТО по неколку месеци одложување. Големо мнозинство од пратениците, 182 гласа „за“ наспроти шест гласа „против“, го одобрија пристапот на нордиската земја во воениот сојуз.
Веб-страницата на француското Национално собрание од утрово е блокирана како резултат на кибер напад за кој одговорноста ја презеде проруската група „НоНејм“ (NoName). Според експертите од групата „Талес“ хакерите ја нападнале веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент поради поддршката на Франција за Украина. Хакерите на Телеграм објавија дека нивната акција е одмаздничка мерка поради поддршката на Франција за […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети регионот Запорожје и се сретна со силите на фронтот кај Бахмут, а потоа разговараше со официјални лица и жители на Херсон. Тој објави видео на Telegram на кое се гледа како доделува медали на украинските војници. „Чест ми е што сум денеска овде, покрај нашата армија. Благодарен сум […]
Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година. Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и […]
Синдикалните демонстранти, огорчени од потегот на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање на Франција без гласање во парламентот, денеска го блокираа влезот на парискиот музеј Лувр, фрустрирајќи голем број посетители. Помал број демонстранти се собраа пред стаклената пирамида на Лувр и мирно демонстрираа против планот повеќето Французи да се натераат […]