Европол во меѓународна акција заплени небезбедна храна вредна 95 милиони евра

Во координираната меѓународна операција OPSON XIV, која ја спроведе Европол, Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), Европската комисија, како и агенции за спроведување на законот од 31 земја, вклучувајќи партнери од приватниот сектор, запленети се повеќе од 11.500 тони храна и 1,4 милиони литри пијалоци со сомнително потекло и квалитет, а вкупната вредност на запленетите производи се проценува на околу 95 милиони евра.

За време на операцијата, 631 лице беа пријавени кај надлежните судски органи, беа издадени 101 налог за апсење и беа разбиени 13 организирани криминални групи, се вели во соопштението на Европол.

Еден од највпечатливите трендови откриени за време на акцијата е инфилтрирањето на криминални групи во компаниите за отстранување на отпад, со цел да се набави храна со истечен рок, се истакнува во соопштението за медиумите на Европол.

Засега не е потврдено во кои земји требало да биде пласирана храната.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ