Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ ги повика земјите-членки на Обединетите нации да преземат акција во врска со влошената состојба со човековите права во Авганистан и да обезбедат правда за жртвите на насилството на талибанците, јави ДПА. Радикалните исламисти незаконски апсат бранители на правата на жените, академици и активисти поради нивните јавни критики, […]
Спасувачките служби извлекоа неколку повредени лица од шесткатница во турскиот град Шанлиурфа, која се урна откако беше оштетена во разорните земјотреси на 6 февруари, јавува агенцијата Анадолу. По двата разорни земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, кои пред еден месец ги погодија југоисточна Турција и северна Сирија, следеа серија последователни […]
Тајванскиот министер за одбрана Као Куанчи денеска предупреди дека островот оваа година треба да биде подготвен за „ненадејна инвазија“ на кинеската војска во областите во близина на нејзината територија поради зголемените тензии во тајванскиот теснец. Во последниве години, Кина ја засили својата воена активност околу Тајван и речиси секојдневно има упади на нејзините воздушни сили […]
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ и Германија се во „конструктивни разговори“ за ставање крај на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување во Унијата до 2035 година, јави ДПА. По неколкумесечни преговори, конечната одлука на ЕУ за забраната се очекуваше во наредните недели, но беше одложена во петокот […]
Јужнокорејските власти денеска објавија план за обештетување на своите граѓани кои биле жртви на принудна работа за време на војната во Јапонија, со која Сеул сака да ги зајакне врските поради тензиите со Пјонгјанг. И Јужна Кореја и Јапонија се клучни сојузници за регионална безбедност на САД против Северна Кореја. Сепак, нивните билатерални односи беа […]
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави за ТВ Н1 Хрватска дека Киев регрутира некои од 150.000 Унгарци од етничката заедница во Украина и ги испраќа на „првата борбена линија“ каде што гинат. ТВ Н1 Србија во неделата вечерта објави дека во интервјуто снимено во четвртокот за време на неговата посета на Загреб, Сијарто […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ доколку Кина испрати оружје во Русија поради војната на Москва во Украина, но додаде оти е оптимист дека Пекинг ќе се воздржи од тоа. Шолц ова го изјави во вчерашното интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, два дена по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон. […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Доха, Катар, за време на Конференцијата на ОН за најмалку развиените земји во светот се сретна со претседателот на Малдивите, Ибрахим Мохамед Солих, палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот на Бангладеш, Хасина Вазед. „Присуството на оваа конференција е од големо значење за Србија, не само поради темите за кои […]
По земјотресот што ја погоди Турција, Нергис и Чумали Бакајли ја губат секоја трага на нивното 6,5 месечно бебе, кое е родено предвреме. По многудневна тага и вознемиреност, турската двојка конечно доживеала олеснување кога дознале дека детето е живо и здраво. За бајката по земјотресот пишуваат бројни медиуми од оваа земја. Бебето на Нергис и […]
Папата Франциск ги повика денеска властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море и изразија жалење за минатонеделниот бродолом со мигранти кај италијанскиот брег во кој загинаа десетици луѓе. „Го повторувам мојот апел да не се случуваат вакви трагедии повторно. Нека бидат спречени шверцерите со луѓе“, рече папата во неговото неделно обраќање до […]