Макрон: Законот за пензиската реформа во Франција ќе се спроведе до крајот на годината

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Законот за пензиска реформа треба да се спроведе пред крајот на годината.

Британските медиуми наведуваат дека Макрон соопшти дека неговата влада ќе се обиде да ја врати Франција во нормала „што е можно поскоро“.

Претходно неделава француската Влада за само девет гласа го „преживеа“ гласањето недоверба во францускиот Парламент токму поради оваа многу непопуларна пензиска реформа за Французите, во моменти кога низ целата земја траат протести.

Макрон изјави дека премиерката Елизабет Борн сè уште има доверба.

-Таа ќе продолжи да ја води оваа влада, рече Макрон.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *