Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во минатомесечните разорни земјотреси, што го погодија јужниот дел на земјата, повеќе од 214.000 згради се уништени или во голема мера оштетени, пренесува Анадолија. -Во моментов е утврдено дека имаме 608.000 независни секции во 214.000 згради кои се урнати или се тешко оштетени и сите ќе […]
Пред малку згасна и последната надеж за 34-годишната Атина, која беше прогласена за исчезната по железничката несреќа. Нејзиното име вечерва е посочено дека е меѓу жртвите во трагедијата, јавуваат грчките медиуми. Атина, која била мајка на двегодишно момче, била на кобниот пат со сопругот Никос, кој од повреди се лекува во Универзитетската болница во Лариса. […]
Одложено е гласањето на земјите од Европската унија за законот со кој се става крај на продажбата на нови автомобили со внатрешно согорување, односно продажбата на автомобили на бензин и дизел до 2035 година, бидејќи Германија и Италија се против ваквото решение. Бидејќи не е одреден нов датум за гласање на иницијативата, портпаролот на шведската […]
Албанската опозиција предводена од демократите на Сали Бериша, денеска пред Владата во Тирана одржа последователниот протест, кој помина без инциденти. Истиот и денеска беше поддржан од Партијата на слободата, чиј лидер Илир Мета во обраќањето рече дека овој протест е продолжение на нивната заложба да го урнат овој систем со протести и избори. – Денеска […]
Вануату денеска прогласи вонредна состојба поради нов циклон и земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала што ја погодија таа островската држава во Тихиот Океан со околу 320.000 луѓе. Земјотресот се случил на десет километри под морето, во близина на големиот остров Еспириту Санто, покажуваат податоците на Американскиот институт за геофизикa. По тој […]
Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во затвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми. Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во […]
Во период од две децении, 2002-2021 околу 554 илјади албански државјани добиле државјанство на некоја од земјите на Европската унија, каде живеат и работат по напуштањето на Албанија, јави Ора њуз, повикувајќи се на европската агенција за статистика „Евростат“. Најголем број од државјанствата се издадени во 2016 година или околу 67,5 илјади. Во 2021 година […]
Очаен татко на 28-годишна исчезната девојка која била во возот за време на кобната несреќа во Грција, со солзи во очите го опишува кошмарот што тој и неговото семејство го преживуваат секој ден откако ја загубија ќерката Елпида. „Немам нови информации, чекам. Полицијата ќе ме повика. Дадовме ДНК примерок. Надежта дека моето дете ќе го […]
Минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир и активист за човекови права, Алеш Бељацки, денеска од суд во Белорусија е осуден на 10 години затвор. Нобеловецот и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, што тој го основаше, беа уапсени за време на протестите во 2020 година против реизборот на белорускиот претседател Александар […]
Од Полициската управа неофицијално ја соопштија веста дека во Основниот суд во Подгорица дошло до експлозија. Триесет и деветгодишниот М.Б е убиен откако активирал рачна бомба на влезот на Основниот суд во Подгорица, неофицијално дознава „Вијести“. Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко. „Во 11 часот и […]