Дипломираната студентка по стоматологија во Солун е на долгата листа на исчезнати по сударот на два воза во Грција. Анастасија Адамиду (24) од Кипар била во третиот вагон од патничкиот воз кој синоќа нешто пред полноќ се судри со товарен воз во Темпа кај Лариса.
Шест ипол месечно бебе е хоспитализирано на хирургија на Универзитетската болница во Лариса по сударот на возовите. Истовремено, уште едно 8-годишно момче се лекува на детска хирургија во Општата болница во градот. Според последните информации, во несреќата во Грција се повредени над 80 лица, од кои десетици се со тешки повреди. Тие се хоспитализирани во […]
Украинската армија може да одлучи да ги повлече своите војници од упориштето околу Бахмут, најави денеска советникот на украинскиот претседател Александар Родњански. „Нашата армија очигледно ќе мора да ги разгледа сите опции. Досега го браневме градот, но доколку е потребно, силите стратешки ќе се повлечат од своите позиции“, рече Родњански, додавајќи дека Украина „нема да […]
Најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени кога возови се судрија во близина на грчкиот град Лариса синоќа пред полноќ, соопштија пожарникарите. Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваа патниците од згмечените вагони. „Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста […]
Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица. – Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница […]
Сеизмологот Франк Хугербитс, кој предупреди на разорниот земјотрес кој на почетокот од февруари ги погоди Турција и Сирија, на каналот Solar System Geometry Survey (SSGEOS) на YouTube изјави дека нови катастрофални потреси би можело да ги погодат руските територии на Далечниот исток веќе на почетокот од март. Според истражувачот, поради конвергенција на критичната геометрија на […]
Два воза, едниот товарен, другиот патнички, со околу 350 патници, околу десет минути, со голема брзина се движеле на иста шина, но не еден зад друг, туку еден кон друг, едниот кон Солун од Атина, другиот од Солун кон Атина, со резултат директниот судир да биде неизбежен, животот да го загубат најмалку 36 лица, а […]
Нормализацијата на односите меѓу Приштина и Белград може да се направи преку заемно признавање, изјави косовскиот премиер Албин Курти на Вториот економски форум во Скопје. -Нормализација на односите може да се направи преку заемно признавање. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц, дека заемното признавање е суштината и централната точка на целосната […]
Со интонирање на химната и подигнување на државното знаме на сараевското брдо Хум денеска почна одбележувањето на 1 март, Ден на независноста на Босна и Херцеговина кој се празнува само во Федерацијата на БИХ. На нејзините граѓани Денот на незавизноста им го честиташе и американскиот амбасадор Мајкл Марфи, додека во Република Српска и натаму одбиваат […]
Истрагата треба да ја утврди точната причина за страшниот судир на два воза кај градот Лариса во Грција, за кој се верува дека е човечка грешка. Новите информации фрлаат светло врз околностите околу фаталниот судир меѓу возот 62 и товарниот воз 63503. Според последните информации од истрагата која е во тек, се чини дека до […]