Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е хоспитализиран во понеделникот вечерта во Милано. Поранешниот премиер на Италија и функционер на партијата Форца Италија е примен во болницата Сан Рафаеле поради силни болки. Берлускони беше подложен на тестови и прегледи и се очекува наскоро да биде пуштен дома. Тој претходно беше примен во болницата Сан Рафаеле […]
Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Киев за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале. За време на овонеделното патување во погранични и региони покрај линијата на фронтот, Зеленски беше придружуван од новинари на Асошиејтед прес при што Зеленски зборуваше за ветеното оружје наспроти добиеното, пренесува Хина. – […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека целта на Владимир Путин е да го избрише идентитетот на Украина како независна, суверена нација и да го апсорбира во Русија. „Оваа војна е напад не само врз Украина, туку и врз меѓународниот поредок заснован на правила што се обидуваат да го одбранат меѓународниот мир и стабилност и […]
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека според него „еден од најважните елементи на сето ова е фактот што Приштина треба да ја формира Заедницата на српски општини“, пренесе Бета -Секако дека има и други работи што Приштина треба да ги […]
Каталонската европратеничка Клара Понсати (66), која беше уапсена вчера во Барселона под обвинение за учество во организирање на нелегалниот референдум за независност на Каталонија во 2017 година, е пуштена на условна слобода. Понсати, поранешен член на каталонската влада задолжен за образование, во вторникот по петгодишно отсуство се врати во Шпанија, влегувајќи со автомобил од соседна […]
Руските стратешки ракетни сили почнаа планирани вежби во кои се вклучени мобилните нуклеарни интерконтинентални балистички ракетни системи „Јарс“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. „Во вежбите се вклучени над 3.000 војници и околу 300 парчиња опрема“, се додава во соопштението на Министерството за одбрана.
Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека е загрижен поради можноста Русија да испрати тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. -Тие сè уште не го направиле тоа, им рече Бајден на новинарите во Белата куќа, но „тоа е загрижувачко“, додаде американскиот претседател.
Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија локалните медиуми. Во одлуката, судијата исто така вели и дека Пенс може да одбие да одговори на прашања поврзани со […]
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала синоќа кусо пред полноќ го погоди регионот на јужна Италија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил на длабочина од два километри, 77 километри северозападно од градот Фоџа и 12 километри југозападно од Казакаленда во 23:52 часот по локално време, соопшти ЕМСЦ. Нема информации за […]
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ќе го добие „Големиот крст на Редот за заслуги“, што е највисокото одликување во Германија, потврдија од кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер по објавата на магазинот „Штерн“. Досега ова признание го добија само поранешните канцелари Конрад Аденауер и Хелмут Кол. Сите тројца политичари се од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ). […]