Банкарскиот сектор на ЕУ е отпорен затоа што има голем капитал и силна ликвидност, се вели во изјавата на лидерите на ЕУ усвоени на крајот од самитот во Брисел. – Унијата значително ја зајакна отпорноста на банкарскиот систем на ЕУ. Нашиот банкарски сектор располага со силен капитал и позиции на ликвидност, изјавија европските лидери. (МИА)
Инфлацијата на цените на производството во Финска дополнително се намали во февруари на најниско ниво во речиси две години, покажаа податоците на финскиот завод за статистика објавени денеска. Индексот на цените на производителите се искачи за 9,2 проценти на годишно ниво во февруари, побавно од порастот од 10,7 отсто во претходниот месец. Понатаму, последната инфлација […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој денеска е во посета на Лондон, беше пречекан пред Даунинг стрит број 10 со свирежи и повици од демонстрантите незадоволни од најавените реформи во правосудството во Израел. Тој се ракуваше со британскиот премиер Риши Сунак на скалите на Даунинг стрит додека стотици демонстранти кои беа во близина носеа израелски знамиња […]
Стотици луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастељон во источниот дел на Шпанија. Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна вчера, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа и Кастељон. Службите за итни случаи во регионот соопштија дека поради пожарот се евакуирани 600 лица во осум […]
Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата. Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх. Предвидено беше посетата да трае три дена. Со оглед на вчерашната најава за […]
Француската Влада денеска им забрани на сите државни службеници инсталирање и користење на апликации за забава како што се социјалната мрежа ТикТок, американската стриминг платформа Нетфликс или играта Кенди креш. Неименувани соработници на министерот за јавна администрација Станислас Гуерини истакнаа дека тие апликации носат „ризици во однос на кибер безбедноста и заштитата на податоците на […]
Вчера во српската влада падна за поскапување на патарината за 14 проценти. Поскапувањето за возачите на патнички автомобили, во зависност од делницата, ќе се движи најмногу до 200 динари, а на најфреквентните делници во просек ќе изнесува 50 динари. Според извештаите, патарината ќе се зголеми за 14 отсто за оние кои нема да платат такса […]
Бројот на приведените за време на протестите против пензиската реформа во Франција се зголеми на 457, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен. – Досега се повредени 441 полицаец и жандар, додаде тој, заблагодарувајќи им се на органите на редот и на пожарникарите за нивната работа за време на демонстрациите. Демонстрациите беа многубројни […]
Со 24,4 милиони евра, грчката Влада и во месец април ќе продолжи со субвенциите на сметките за струја за домаќинствата и земјоделците, соопшти утрово министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас. Субвенцијата, како за домаќинствата, така и за земјоделците е 15 евра за мегават час, а министерот истакна дека во април потрошувачите […]
Министерството за одбрана на Србија ќе организира досега најголема изложба на оружје и воена опрема на аеродромот во Батајница на 22 април, во чест на Денот на српските вооружени сили, на кој ќе има речиси сè од арсеналот на српските вооружени сили. Според „Вечерње новости“, од тоа министерство најавуваат дека тоа ќе биде единствен настан, […]