Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна жалост, по убиството на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала. „Прогласувам петдневна жалост во Исламската Република Иран. Испраќам сочувство до чесниот татко, сопругата и децата на нашиот драг Сеид, семејствата на мачениците, членовите на Хезболах, либанскиот народ и високи функционери, како и целото движење на отпорот“, […]
Американската воена помош од осум милијарди долари за Украина е „неверојатна грешка и лудост“, изјави Ким Јо Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Таа предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со Русија, нуклеарна суперсила. Ким нагласи дека Вашингтон го влошува конфликтот помеѓу Украина и Русија, доведувајќи цела Европа […]
Пресушија изворите кај Горна Беласица, пак рестрикции за вода Пресушија изворите кај Горна Белица, од каде Струга се снабдува со вода за пиење. Сушното лето, и немањето на врнежи си го направија своето, па сега остануваат само изворите кај Шум. Поради тоа од Јавното претпријатие Водовод започнаа со рестрикции од полноќ до пет часот наутро, […]
Се известува месното население на Лабуништа, заради дефект на камионот за собирање на комунален смет,еден одреден период истиот ќе се собира само со трактор. Поради тие причини не сме во состојба навремено да го собираме сметот.Ве молиме да не го оставате сметот на главните улици се додека нашите вработени не поминат во вашите реони, за […]
На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница, кај Струга, последните два дена видно е зголемена фреквенцијата на патници и возила, објави „Ора њуз“. -Иако се работи на шест шалтери сепак имаше колони на возила кои на преминот чекаа и до 40 минути за влез на македонска територија. Главно станува збор за македонски државјани […]
На 22-ри јуни 2024 година, во 15:00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на струшкото село Калишта, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишнолице и мотоцикл […]
Останува нејасно кој стои зад експлозиите на гасоводот „Северен поток“ што ги поврзува Русија и Германија, соопшти денеска шведското обвинителство, кое го истражува случајот. Експлозиите се случија минатата година и доведоа до испуштање гас во Балтичкото Море. „Ние работиме без престан и бараме насекаде, не оставајќи ништо на случајноста“, се вели во соопштението на обвинителот […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг при што му порача дека „знае дека може да смета дека ќе ја вразуми Русија“, пренесува Гардијан. Макрон, кој вчера пристигна во Кина во тридневна државна посета, беше пречекан со највисоки државни почести. „Руската агресија во Украина и нанесе удар на […]
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска истакна дека Украина мора да добие авиони кои ќе можат да се справат со руските воени воздухопловни сили и дека неговата земја е подготвена, покрај 14-те авиони МИГ 29 од советско производство што веќе ги издвои, постепено да ги испраќа и своите преостанати МИГ авиони кога ќе почнат да пристигнуваат, […]