Американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше синоќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да „изрази загриженост“ поради планот на неговата влада за реформирање на правосудниот систем што предизвика широки протести низ Израел и да го повика Нетанјаху на компромис. Бајден разговараше со Нетанјаху од неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, каде го помина викендот. Белата куќа соопшти […]
Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) се согласи да ја купи „Кредит свис“ во историски договор, а целта е да се спречи кризата на доверба која се закануваше да се прошири на светските финансиски пазари. Швајцарската банка за оваа трансакција ќе плати повеќе од три милијарди долари, а се работи за купување на сите акции по цена што […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се појави пред медиумите во Белград да појасни дека не го потпишал анексот за спроведување на Договорот за нормализација на односите со Косово, „бидејќи Србија е меѓународно призната држава, додека Косово не е“ затоа, според него, не може да се постигне меѓународен правен договор. „Не потпишав поради неколку работи. Србија […]
Според првичните резултати од денешните претседателски избори во Црна Гора, најголем број гласови освоил досегашниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ 37,2 отсто. На второ место е кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ со 26,6 отсто, а трет е кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ со 19,8 отсто. Алекса Бечиќ од […]
Откако противбродската мина, оставена во пристаништето Риека од Втората светска војна, успешно беше уништена со експлозив на безбедна локација во заливот Риека, во 14 часот и 45 минути се огласија сирените за крај на опасноста и завршување на акцијата за отстранување и неутрализирање на мината. Како што информираат од Штабот за цивилна заштита на градот […]
„Де факто“ признавање на Косово од Србија. Вака косовскиот премиер Албин Курти го оценува непотпишаниот договор во Охрид за што го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ. Курти рече дека сега останува на ЕУ да најде механизми за да ја принуди Србија да го потпише договорот. „Основниот договор е де факто меѓусебно признавање. Значи, ова е […]
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија ја прифатила својата европска иднина и јасен план како да стигне до неа. Како што напиша амбасадорот Хил на Твитер, таа одлука бара мудрост, интегритет и храброст. Хил рече дека има уште многу работа да се заврши и дека САД ќе бидат […]
НАТО го поздравува договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти постигнат на средбата во Охрид. Во дијалогот олеснет од ЕУ на патот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Ги повикуваме и двете страни да го спроведат договореното брзо и целосно. Ние сме посветени на стабилноста на Западен […]
Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт денеска изјави дека Германија честита, како што наведе, на чекорот напред за поставување на односите меѓу Белград и Приштина на нова основа. „Сега се работи за преземање на водството за одржување и спроведување на договореното“, напиша тој на Твитер. Хебстрајт посочи дека Германија ќе биде со Белград и Приштина […]
Албанија старее. Денес повеќе од половина од жителите се постари од 36 години, за разлика од 1990 година кога просечната возраст на населението беше 24 години. Тоа е ѕвоно кое најавува катастрофа, констатира весникот „Тема“. – Миграцијата има разорни ефекти врз нашата земја. Зошто? Ако во 90-тите имавме 4 вработени за еден корисник на пензија, […]