Околу 5 часот и 30 минути автобусот кој превезувал работници од Крагуевац за Рача излетал од патот. Според првичните информации полесно се повредени 18 патници.
Според изјавите на очевидци, возачот изгубил контрола и возилото се лизнало во каналот покрај патот, пишува „Данас“.
Интервенирале три екипи на итната помош од Крагуевац, при што според првичните информации повредени се 18 патници. Според итната помош, тие најмногу се здобиле со полесни повреди и набиеници на екстремитетите, рацете и рамената.
Од полициската управа Крагуевац за „Данас“ потврдија дека околу шест и пол утринава автобусот излетал од патот во градот Собовица на регионалниот пат Церовац – Рача.
Во Шумадија од синоќа паѓа обилен снег, па и ова е можна причина за лизгање на автобусот.
1 Comment
hello there and thank you for your info – I’ve certainly
picked up something new from right here. I did however expertise several
technical issues using this web site, since I experienced to
reload the site a lot of times previous to I could get it
to load correctly. I had been wondering if your web host is OK?
Not that I am complaining, but slow loading instances times will
very frequently affect your placement in google and can damage your high-quality score if ads and marketing with
Adwords. Well I am adding this RSS to my email and
could look out for a lot more of your respective interesting content.
Ensure that you update this again soon.. Escape roomy lista