Новиот претседател на Чешка, Петр Павел, платил казна од 60.000 круни (околу 2,7 илјади долари) поради немање информации за спонзорите во неодамнешната кампања за претседателските избори, објави чешката телевизија. -Претседателот Павел е казнет од Канцеларијата за надзор на економските активности на политичките партии со рекордна сума од 60.000 круни. Казната е изречена поради нецелосни информации […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека не очекува војната во Украина наскоро да биде завршена. За германскиот бизнис дневен весник „Хандесблат“ канцеларот кажа дека Берлин ќе го поддржува Киев се додека тоа биде потребно со пари и оружје. -Треба да бидеме подготвени за продолжена војна, иако скорешното нејзино завршување за нас е многу посакувано, рече […]
Во налетот на циклонот „Фреди“ во Малави загинаа 326 лица, соопштија синоќа локалните власти за новиот биланс на жртви и додадоа дека од крајот на февруари од него загинале повеќе од 400 лица. -Бројот на загинати во катастрофата се зголеми од 225 на 326 жртви, бројот на раселени лица е повеќе од двојно зголемен, надминувајќи […]
Поради штрајк на четири аеродроми во Германија денеска ќе бидат откажани над 680 летови. Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (ADV). Од нив ќе бидат погодени околу 89.000 патници. Синдикатот Верди повика на штрајкови откако преговорите […]
Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА. Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во Охрид не се очекува судбоносен ден, дека од Брисел се уште не пристигнал нацрт за тоа што сака ЕУ, дека Србија ќе продолжи да работи со Европската унија и нема да се откаже од „црвените линии“. Вучиќ во обраќање рече дека одредени медиуми објавиле наводен „таен план“ […]
Секоја втора жена научник во светот била жртва на сексуално вознемирување на работното место во текот на нејзината кариера, покажуваат резултатите од меѓународната анкета на Ипсос за фондацијата Лореал. Според истражувањето на околу 5.000 машки и женски научници во 117 земји, 49 отсто од женските научници рекле дека „лично се соочиле со барем една ситуација […]
Според нови истражувања, парите се најголемата пречка за младите во Велика Британија при основањето семејство. Повеќе од половината испитаници (59 отсто) ги навеле финансиските грижи како причина број еден поради којашто доцнат или размислуваат и никогаш да немаат деца. Истражувањето нарачано од германската компанија „Април“ (Apryl), покажа дека најголемата пречка за родителството се зголемените трошоци […]
Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари. -Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени […]
Пентагон објави нацрт-документ минатата недела, каде што се наведува дека вонземјани можеби го посетуваат Сончевиот Систем и испраќаат мали сонди за истражување, како што прави НАСА кога истражува други планети. Тој нацрт-извештај е напишан од Шон Киркпатрик – директор на Канцеларијата за решавање на аномалии од сите области (ААРО) на САД и Абрахам Лоуб – […]