Стотици илјадници Израелци излегоа на улиците низ земјата изминатиов викенд, во она што беше опишано како најголемите протести во историјата на Израел. Протестите беа организирани поради плановите на израелската влада да ги ограничи овластувањата на Врховниот суд, за кои критичарите велат дека ја поткопуваат независноста на судството и ја загрозуваат демократијата. Бранејќи ги плановите на […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера смени тројца регионални гувернери, вклучувајќи го и шефот на Луганск, каде што се водат жестоки борби. Одлуката за разрешувањето на локалните функционери беше објавена на каналот Телеграм од страна на владин претставник во украинскиот Парламент, но тој не ги наведе причините за разрешувањата. Гувернерот на Луганск, Серхиј Хајдај, често ги […]
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел денеска ќе допатува во дводневна посета на Албанија. Борел денеска ќе се сретне со премиерот Еди Рама пред да претседава со 12. Совет за стабилизација-асоцијација ЕУ-Албанија во Тирана на 16 март. – Албанија ќе ја претставува премиерот Еди […]
Задоволството од животот кај луѓето во Словенија е подобрено во изминатите четири години, покажува најновото истражување на Заводот за статистика за 2022 година, објавено денеска. Истражувањето, спроведено во првата половина на 2022 година меѓу жителите постари од 16 години, покажа дека 27 отсто од испитаниците го оцениле своето ниво на општо задоволство од животот како […]
Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска пристигна во Москва во својата прва официјална посета надвор од Блискиот Исток по разорниот земјотрес, јавија светските медиуми, повикувајќи се на соопштение од канцеларијата на Асад на Телеграм. Асад во рамки на посетата ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Тој е придружуван од голема делегација сириски министри. Во […]
Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од „Зара“ во Подгорица, во продавницата била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора. Купувачите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на […]
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша указ со кој се наложуваат посеопфатни проверки на луѓето кои сакаат да купат оружје, како и побезбедно складирање на огненото оружје. Со претседателскиот декрет се обврзуваат американските служби за спроведување на редот и законот да обезбедат максимално спроведување на законите за контрола на вооружувањето кои минатото лето ги поддржаа […]
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска западно од брегот на Крит, соопшти Националната опсерваторија на Атина. Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18:36 часот по локално време, бил на 98 километри југозападно од островот Китера во Јонското Море, пренесува „Екатимерини“. Длабочината е проценета на 14 километри.
Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper денеска над Црното Море, соопшти Европската команда на американската војска. „Нашиот MQ-9 вршеше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога беше пресретнат и погоден од руски авион, што резултираше со пад и целосно губење на MQ-9. Овој небезбеден и непрофесионален чин на Русите за малку […]
По препорака од надлежната комисија на експерти во Министерството за здравство, Грција ги укинува постоечките мерки за заштита од Ковид-19, со исклучок на оние кои важат за болниците и за домовите за стари лица. -Комисијата на експерти во Министерството за здравство на денешната седница предложи укинување на мерките што се во сила за Ковид-19 со […]