Кипарското прашање, билатералните односи, европските и регионалните теми, но и железничката несреќа се нашле на агендата разговори на новиот претседател на Кипар, Никос Христодулидис за време на средбите во Атина со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. За кипарското прашање, Хирстодулидис истакнал дека детално го информирал Мицотакис за „потребата од поактивно […]
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговите советници и дел од министрите разгледуваат 15 модели за Заедницата на српските општини кои му ги понудил претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, пренесува приштинската „Коха диторе“. Курти рече дека од тие модели врз основа на кои се организираат националните малцинства во ЕУ, ќе земе елементи врз […]
Во ЕУ лани е забелажано опоравување во авиосообраќајот според бројот на комерцијални летови, но и натаму е помал во одност на ситуацијата пред пандемијата од 2019 година, објави Еуростат. Најзначителен пад на бројот на комерцијални летови се забележани во јануари (-34% во споредба со истиот месец во 2019 година), февруари (-33%), март (-27%) и април […]
Јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска неговата издавачка куќа „Коданша“. Ое беше еден од најзначајните книжевни творци во Јапонија по Втората светска војна. Неговите дела се занимаваат со политички, социјални и филозофски теми, како што е нуклеарното оружје, невклопувањето во општеството и егзистенцијализмот. Тој ја доби Нобеловата награда за […]
Казнените мерки на Украина против огранокот на Православната црква поврзана со Русија се дел од напорите да се постигне „духовна независност“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски и другите украински лидери ја обвинија Украинската православна црква – Московската патријаршија, која е под црковна јурисдикција на Руската православна црква, за поткопување на единството на Украина и […]
Во Париз, целата оваа 2023 година се одбележува стогодишнината од смртта на Густав Ајфел (1832 – 1923), создавачот на светски познатата кула којашто се наоѓа во главниот град во Франција и го носи неговото име, соопшти операторот на споменикот. Изградбата на Ајфеловата кула е завршена на 31 март 1889, а официјално е отворена на 6 […]
Папата Франциск денеска одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква со миса со кардинали во капелата Санта Марта во Ватикан. Роден во Аргентина, Франциск, кој има 86 години, стана првиот латиноамерикански понтиф на 13 март 2013 година, наследувајќи го Бенедикт Шеснаесетти, првиот папа во шест века што се повлече од светата столица. – Се […]
Бројот на жртви од разорниот земјотрес што минатиот месец ја погоди јужна Турција се зголеми на 48.448, од кои 6.600 се странци, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Мехмет Нури Ерсој. „Повеќето од загинатите странци се наши сириски браќа и сестри“, рече Ерсој на прес-конференција во најтешко погодената провинција Малатија. Тој додаде дека работата […]
Невладината организација „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) соопшти дека е загрижена поради последиците од војната во Украина за украинските сирачиња и нивните врсници сместени во згрижувачки семејства. Организацијата ја повика Украина итно да го реформира својот систем за згрижување. „Војната покажа дека многу деца сместени во центри беа принудени во услови на гранатирање да бараат засолниште […]
Во 2022 година, инфлацијата во ЕУ достигна највисоко ниво измерено досега од 9,2%. Во споредба со 2021 година, кога годишната вредност беше 2,9%, стапката на инфлација е зголемена повеќе од тројно, објави Еуростат. Во споредба со некои од најголемите светски економии, годишната инфлација во САД лани достигна 8,7%, во Јапонија 2,5%, а најниската стапка е […]