Според Европската агенција за статистика „Евростат“ албанската дијаспора во 2021 година испратила околу 1,13 милијарда евра, што е поголем процент од земјите на ЕУ, јави Топ чанел. -Евростат покажува дека нашата земја има најголема зависност од дознаки на емигрантите, како во регионот така и во целиот континент, достигнувајќи 6,7 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). […]
Според денешниот индекс на милијардери на Блумберг, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск се врати на врвот на листата на најбогати луѓе во светот, на која на крајот на 2022 година се наоѓаше претседателот и извршен директор на конгломератот за луксузни стоки „Луј Витон Моет Хенеси“ (LVMH) Бернард Арно. Богатството на Маск сега изнесува […]
Северна Кореја воведе „Инминбан“, што значи дека родителите на детето за кое ќе се утврди дека гледало холивудски филм ќе завршат шест месеци во логор за принудна работа. Родителите на син или ќерка затекнати дека гледаат холивудски или јужнокорејски филм ќе поминат шест месеци во логор за принудна работа, но и децата кои го гледале […]
Сите комерцијални летови до Санкт Петербург, Русија се одложени и пренасочени откако над градот бил забележан „непознат објект“. Градските власти соопштија дека аеродромот Пулково во Санкт Петербург престанал да прима авиони, а најавените доцнења на летовите се и до 12 часа, пренесува „Комерсант“. Во соопштението се наведува дека „аеродромот и неговите услуги работат нормално“. Според […]
Земјотресот со јачина од 7,8 степени и бројните последователни потреси во јужна Турција од 6 февруари, предизвикаа штета од над 34 милијарди долари, процени Светската банка. Таа институција наведе дека во проценката не се земени предвид трошоците за реконструкција, кои веројатно се двојно повисоки. Исто така, не се земаат предвид штетите предизвикани во северниот дел […]
Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април. Владата на премиерката Сана […]
Тлото во Турција не престанува да се тресе. По вчерашниот земјотрес од 5,6 степени по Рихтер се појавија и видео снимки од надзорните камери кои покажуваат како навистина изгледал потресот кој ги врати за момент луѓето пред две недели на самиот почеток на оваа голгота. На видеото има кадри од надзорни камери од неколку различни […]
Хонг Конг ќе ја укине обврската за носење маски во борбата против коронавирусот, изјави денеска главниот извршен директор на регионот Џон Ли во обид да привлече посетители и бизниси и да го врати нормалниот живот, на повеќе од три години по наметнувањето строги правила. -Укинувањето на обврската за носење маска во Хонг Конг ќе стапи […]
Во ајкула се пронајдени посмртните останки на маж од Аргентина кој исчезнал на средина на месецов. Диего Бариа (32), татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози своето возило во близина на брегот во јужната аргентинска провинција Чубут. Двајца рибари пријавиле дека уловиле три ајкули во близина на местото […]
Започна со енергијата, но кризата со зголемените трошоци за живот сега се прошири на сите сектори и ја погодува цела Европа и пошироко. Проблемот има многу компоненти, но онаа што најмногу ги засега политичките лидери и најмногу влијае врз домаќинствата е инфлацијата и растот на цените на храната. Во февруари цените на гасот во Европа […]