Во организација на здружението на дебарската заедница во Тирана, а со присуство и на претставници од општина Дебар, вчера одбележана е 110-годишнината од егзодусот на дебрани кои засолниште нашле во Тирана, информираа од Општина Дебар, преку објава на Фејсбук. -На свечен начин и откривање на спомен обележје, вчера во Тирана одбележан е споменот за иселениците […]
Индиската влада се противи на признавањето на истополовите бракови, наведува Министерството за правда во денешиот поднесок до Врховниот суд на Индија. Индиското Министерство за правда соопшти правно само хетеросексуалните бракови треба да бидат легално признати и дека државата има легитимен интерес да ги одржува, се вели во поднесокто во кој имале увиод западни медиуми, а […]
Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони […]
Израелски војници утрово убија тројца вооружени Палестинци, кои нападнаа пункт на армијата на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската армија. Во соопштението се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал. Инцидентот се случи во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег. Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени […]
Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на САД почна истрага за одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да се повлече од Авганистан во август 2021 година. Експертите за имиграција и американски војници кои учествуваа во евакуацијата сведочеа дека хаотичното повлекување е резултат на децениски погрешни одлуки, јавија американски медиуми. „Поради занемарување на должноста на […]
Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1, што најверојатно се случил поради бура од прашина. Веднаш по несреќата избувнал пожар. Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат […]
Синоќа е убиен 16-годишен Палестинец кој наводно фрли молотов коктел врз воен контролен пункт на Западниот Брег, соопштија израелската армија и палестинските здравствени власти. Министерството за здравство на палестинските власти соопшти дека момчето, Амир Мамун Одех, било застрелано во градите на периферијата на окупираниот град Калкилија на Западниот Брег. Воен портпарол изјави за израелските медиуми […]
Кинескиот Парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок доверлив човек на претседателот Си Џинпинг, кој вчера беше реизбран за трет мандат. Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот Парламент вчера едногласно го реизбра […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има „ниту фактичко, ниту де јуре“ признавање на независноста на Косово. На средбата во Врање, каде што ја започна својата турнеја низ Србија како дел од формирањето на Народното движење за државата, Вучиќ рече дека знае оти претседателската заклетва ја дал за Уставот. „Јас нема да […]
Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот вечерта бил нападнат и претепан од група маскирани лица пред ресторан во анархистичкиот кварт во Атина, по што бил пренесен во болница, каде било утврдено дека му бил скршен носот, објавија во саботата грчките медиуми. Шеесет и едногодишниот претставник на левичарската опозиција најпрвин бил навредуван од […]