Царството на тиркизното сино море: Оваа европска земја ја крие една од најубавите плажи на светот

Секоја земја има одредени знаменитости и карактеристики кои ја прават посебна, но мораме да признаеме колку е тешко да се остане рамнодушен на грчките и италијанските скриени плажи.

Така, Грција секоја година е сè повеќе популарна за туристите од светот, а само прашање на вееме е кога Италија, односно нејзиниот остров Сардинија ќе станат толку посетувани – вистинска империја на медитеранската убавина.

Имено, Сардинија е голем остров на западната страна на италијанскиот брег, а го красат прекрасни и песочни плажи кои го одземаат здивот со својата убавина, а една од најубавите несомнено е Cala Doméstica.

Cala Doméstica е плажа која се наоѓа во јужниот дел на Сардинија и се карактеризира со прекрасен песочен залив, совршена проѕирност на тиркизното море и бели карпи секаде наоколу. Пливањето овде е исклучително безбедно, бидејќи заливот е добро заштитен од морски струи и ветер, а водата е плитка. Идилата е комплетна е тоа што оваа плажа сè уште не е многу популарна меѓу туристите и нема масовни гужви.

Сепак, треба да се има предвид дека нема сенка, бидејќи единствената вегетација тука е типична медитеранска макија, односно еден вид низок „гостин“ кој не пружа засолниште од силното сонце. Исто така, недопрената природа овде навистина е таква – без прекумерни човечки интервенции, така што во близина на плажата нема кафулиња или, пак, ресторани. Иако ова можеби некого би одвратило од престојот на оваа плажа, ви гарантираме дека се исплати да понесете сè што ви е потребно со вас. Cala Doméstica е толку убава во својата суровост, па после ќе ви биде тешко да ја напуштите.

Инаку, интересно е и тоа што на камениот гребен лево од плажата има шпанска караула од 18 век, висока околу 10 метри, на која можете да се качите и да ја фотографирате околината. До кулата има патека која започнува веднаш кај старите рударски складишта од страната на плажата, а за да стигнете потребни се само неколку минути пешачење.

Авантуристите овде можат да се искачуваат на карпите, или да ги истражуваат околните морски пештери, додека оние кои претпочитаат мир и тишина, можат нежно да лебдат по брановите на овој рајски залив.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ