До 13 часот во Струга гласале 18 проценти за парламентраните и 12 за претседателските избори, во Вевчани 38 отсто

Излезноста за парламентарните избори во Струга и струшко до 13 часот е 18 проценти, а за претседателските 12 отсто, информира претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута.

Во Вевчани, според претседателката на ОИК Менка Кукоска, за избор на претседател и за пратеници гласале скоро 38 отсто од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.

Според претседателите на двете изборни комисии, гласањето тече тековно, во демократска атмосфера.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ