правата за хидрометеоролошки работи на Македонија најавува топлотен бран од понеделник. Според моменталните параметри од понеделник ќе започне живата на термометарот постојано да се качува и во четврток ќе го достигне својот максимум кога се очекува да бидат измерени 40 степени целзиусови во сенка.
Во понеделник ќе биде сончево и топло, а температурата ќе се движи од 10 до 19 во утринските часови, односно од 29 до 37 во пладневните и попладневните часови. УВ индексот ќе биде висок 10.
Во вторник ќе биде сончево и топло со утрински температури од 11 до 20 степени, а максималните температури ќе се движат од 29 до 37 степени.
Во среда сончево и топло со ветер кој ќе има променлив правец. Температурата ќе се движи од 13 до 22 степени, а максималните од 32 до 39 степени.
Во четврток се очекува живата на термометарот да го достигне својот максимум, односно во сенка да биде 40 степени. УВ индексот ќе биде 9. Минимално темепратурата ќе се спушти до 13 степени.