[ФОТО] Хрватите бесни: „Audi“ со странски регистарски таблички паркира на плажа, на половина метар од море

На плажата кај Биоград освен капачите вчера се сместил и еден автомобил со австриски регистарски таблички, јавил за „Index“ еден читател кој до редакцијата пратил и фотографии.

Можеби „на плажа“ е преблаго, бидејќи автомобилот е паркиран буквално на половина метар од морето.

„Безобразни странски државјани го паркираа возилото на плажа меѓу капачите кои набрзо се оддалечија од местото. Некои поради непријатност, други поради страв. Станува збор за плажата Сланица покрај Црвеното пристаниште, во близина на Биоград“, рекол огорчениот читател.

Како што кажал за „Index“, капачите се бунеле, но двајцата туристи со кои имало и дете не биле многу загрижени за нивните забелешки.

„Ги игнорираа сите забелешки со коментар дека госпоѓата има здравствени проблеми со ногата, што е апсурд бидејќи таа веќе по некое време покажа дека е витална и дека без проблем може да оди 50 метри, што е оддалеченост на која паркираат сите други автомобили“, рекол тој.

Фотографијата покажува дека туристите прилично се раскомотиле покрај автомобилот на плажата во првиот ред до морето. Покрај „Аудито“ имале и чадор и друга опрема за на плажа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ