ФОТО: Прва фотографија од апсењето на шефот на Коза Ностра

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро кој се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и беше во бегство од 1993 година.

Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо.

-Денес 16 јануари, карабинерите го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарен објект во Палермо, каде бил на терапевтско лекувањето, изјавил Паскуале Анџелосанто, генерален на националната полиција карабинери.

Премиерката Џорџа Мелони операцијата ја нарече „голема победа“.

Денаро се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.

Минатата година полицијата соопшти дека тој и натаму може да командува во врска со начинот на кој функционира мафијата на западот од Сицилија. Денаро се сметаше за кандидат за шеф над шефовите на сицилијанската мафија по смртта на Бернардо Провенца во 2016 година и Салваторе Рине во 2017 година.

По апсењето е пренесен на непозната локација.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *