Понеделник, 16 ноември 2026 понеделник, 16 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Магазин

[ФОТО/ВИДЕО] На 140 метри висина: Кривулест стаклен мост на чиј врв би се искачиле само најхрабрите

Објавено: · 1 мин читање
[ФОТО/ВИДЕО] На 140 метри висина: Кривулест стаклен мост на чиј врв би се искачиле само најхрабрите

Иако за многумина „се појави“ преку ноќ, мостот всушност е во изградба од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри.

Мостот „Ruyi“ во долината Шенксианџу во кинеската покраина Жеџијанг стана хит на социјалните мрежи. Неговиот уникатен дизајн ги наведе многумина да веруваат дека не е вистински, туку дека е „создаден“ со помош на вештачка интелигенција.

Но, овој мост од стакло, кој се состои од три дела, е навистина постои. Покрај тоа, откако беше отворен за јавноста во септември 2020 година, го посетиле стотици илјади Кинези. Иако на многумина им се чинеше дека „се појавил“ преку ноќ, мостот всушност е во изградба од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри над Шенксианџу.

Највисокиот дел од мостот е всушност висок лак до чиј врв има скали. Името и обликот на мостот „Ruyi“ се базираат на церемонијалниот жезол со истото име, кој е симбол на моќ и среќа во кинеската култура.

Необичната метална конструкција на мостот „Ruyi““ е дизајнирана од Хе Јунчанг, кој го дизајнираше и Националниот стадион во Пекинг, познат и како Птичјо гнездо. Изграден е како главен атлетски стадион за Олимписките игри во 2008 година.