Денес поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин Табановце за влез е околу 30 минути, а на граничните премини Богородица и Дојран за излез од земјава околу 45 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.